Кафе муабет
Првата дама откри како ја освоил Стево: Љубовна приказна како од бајките- еве како се запознале
Во брак се повеќе од 23 години...
Првата дама на Македонија Елизабета Ѓорѓиевска по професија е стоматолог, а со претседателот на државата Стево Пендаровски е во брак повеќе од 23 години.
Елизабета постојано е во фокусот на јавноста поради нејзиниот префинет вкус и стил кој го негува.
Првата дама во една прилика откри дека сака стилизирани и минималистички изгледи а посочи и дека црната и е омилена боја.
Елизабета во едно интервју за „Репортер“ откри и како се запознале со Стево.
Имено тие се запознале во едно скопско кафуле преку заеднички пријател, додека таа поминувала низ тежок период, односно нејзината сестра по-чинала, па тој и бил голема поддршка.
– Долго време се дружевме бевме пријатели, а потоа решивме да излегуваме. Бевме во врска три години пред да стапиме во брак, но веќе на вториот состанок ми рече „што се однесува до мене може утре да се земеме“- рече Елизабета.
Елизабета откри дека нивната свадба не била од оние како што сме навикнати да ги гледаме во поново време, туку направиле мала свадба на Пантелејмон со околу 50-тина гости, без музика. Сето тоа изгледало како вечера со најблиските а таа не нослеа ниту венчаница.
Тие се родители на синот Оги.
Таа нагласи дека откако Стево станал претседател не се сменила, а посебно на работното место продолжила да работи како и претходно.
Работи секој ден и прима пациенти, а откри дека заедно со претседателот се обидуваат колку може помалку да користат обезбедување. Бети кажа и дека кога Стево патува се обидува тоа да не биде како претходните случаеви, со запирање на сообраќајот, туку сетоа тоа сака да помине незабележано.
-Едноставно ние сме како сите обични луѓе и нема потреба да се прави бука околу нашето присуство или појавување-рече тогаш Елизабета.
Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.