Новости

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ИЛДА ШАУЛИЌ : Ја доживеав најголемата болка за една мајка- короната ми го одзема најдрагото!

Последните две години беа најтешки за пејачката

Познатата пејачка, Илда Шаулиќ, која е ќерка на покојниот крал на народната музика Шабан Шаулиќ, летово се соочи со голема загуба.

 

 

Откако и “зараснуваа раните”, по загубата на нејзиниот татко, пејачката се соочи со уште една загуба која и го сркши срцето. Имено во јули пејачката дозна дека е бремена со второ дете, но и дека е заболена со коронавирус.

Имено Илда успеа да се избори со короната, но за жал нејзината состојба во однос на бременоста се влоши, па пејачката го загуби бебето на кое толку многу му се радуваше.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Таа тогаш напиша трогателна порака која расплака многумина.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

-Драги мои, малку е да се каже дека сум трогната од неброените пораки на поддршка кои ги добив. Не знам дали ќе можам на сите поединечно да ви се заблагодарам, затоа овде на сите ви ја возвраќам својата љубов. Она што е за мене најважно е, се што било да се обидам да го оставам зад себе и во овој момент да се сконцентрирам на некои поубави денови, кои се надевам дека ни престојат. Моментално, најпотребен ми е мир. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ве сака Илда, напиша по загубата на бебето пејачката.

 

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

Во една прилика Илда призна  дека последниве две години и биле најлоши во животот.

– Таков тип сум, силна сум. Можеби не делувам така поради физеономиијата бидејќи делувам кревко и нежно, мислам дека луѓето така ме дожиуваат. Искрено, последниве две години мислам дека беа најтешки во мојот живот. Мораме да продолжиме понатаму, мора да се живее и просто треба да живееме од некои убави спомени, се отвори Илда пред новинарите.

 

Овие денови таа е повторно актуелна во медиумите, и повторно акцентот е ставен на коронавирусот и загубата на бебето.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

„Искрено, не знам од кого се заразив, не можам да кажам без да знам. Јас не сум тип да покажам со прст кон некого“, рече Илда Шаулиќ во емисијата „Ординации на РТС“.

 

 

Илда го изгуби своето бебе во третиот месец од бременоста.

“Без разлика дали короната е причина или не … Мојот гинеколог ми рече дека не можеме загубата да ја препишеме на вирусот Ковид-19, бидејќи немав тешки симптоми и се чувствував добро, сè беше во ред. Можеби нема никаква врска со вирусот, рече таа.

Пејачката за прв пат јавно проговори за симптомите и тешкотиите во борбата со коронавирусот.

“Немав сетило за мирис и вкус два дена и тоа беше знак за мене дека треба да се тестирам, плус во тоа време бев во блажена состојба, а потоа едното го повлече другото. Беше приоритет да се стави под контрола вирусот .  Немав треска, не кашлав, немав проблеми со белите дробови. Поради бременоста, најважно ми беше да проверам, а потоа дојде позитивниот резултат“, изјави пејачката.

 

 

Илда за прв пат јавно откри дека била премногу исплашена од тоа што ќе се случува, и дека додека ги чекала резултатите, најмногу ја плашело тоа вирусот корона да не му наштети на бебето.

 

 

„Се тешев,  дека нема да биде страшно затоа што симптомите беа благи, но резултатот беше поинаков“, забележа таа.

Таа, не земала никакви лекови, но не и биле потребни.

“Искрено, бев бремена по втор пат во животот и тоа беше голема радост за мене. Јас веќе имам 42 години и затоа најмногу се надевав дека ќе станам мајка по втор пат. Секогаш е ризично за бременоста. Бев среќна, но со резерва, истакна таа.

Илда Шаулиќ и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ ја имаат ќерќичката Ема која има 4 години,за која Илда рече дека најмногу се радувала на веста дека ќе добие братче или сестричка.

 

 

На прашањето како нејзината ќеркичка успеа да сфати дека нема да има се уште братче или сестриче, Илда раскажа.

– Прифати како возрасна личност. Просто ме фасциинира, а она најмногу сакаше да добие брат или сестра. Не можев да ја кревам во тој период, а во еден момент ја прегрнав и ја кренав, а таа ми вели „ Па ти сега мене можеш да ме носиш“ и јас и одговорив „па да“. Ме праша како, а јас и одгговорив: „ Па добро сега моментлно нема да имаме бебе“ и таа ни рее „Аха, па добро“, а потоа ме прегна и повеќе ништо не ме праша.

 

 

Таа постојано на својот Инстаграм профил објавува среќни моменти, во продолжение погледнете уште неколку интересни фотографии од ќерката на Шабан Шаулиќ.

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close