Кафе муабет
Поповиќ детето од сопругата го прифати како свое, вистинскиот татко ни не прашал за него
Ова е приказната на Саша Поповиќ и неговата сопруга Сузана Јовановиќ
Пејачката Сузана Јовановиќ и нејзиниот сопруг, Саша Поповиќ, важат за складен и идиличен пар, а една од главните причини за нивниот успех во бракот е односот на Поповиќ кон нејзиниот син Даниел.
Имено, Сузана од претходниот брак го има синот Даниел кој Саша го прифати како свое дете иако и двајцата ретко зборуваат за оваа тема.
Кога неговиот татко и јас се разделивме, имаше седум месеци, така што тој ни не знаеше што се случува. Никогаш му немам зборувано ништо лошо за татко му, сметам дека Господ на сите нас ќе ни суди еден ден и дека секој ќе го добие она што го заслужил во животот.
Ја имавме таа среќа, или несреќа, таткото на Даниел воопшто да не биде заинтересиран за него. Дури откако Даниел тргна во основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на својот син. Од друга страна, и Даниел не прашуваше за татко му, едноставно не почувствува потреба за тоа. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и Сале“, изјави порано Сузана за магазинот „Стил“.
Така тешката приказна за детството н Даниел доби среќен крај, а Сузана вели дека и двајцата имале голема среќа што го сретнале Саша.
Тој го прифати нејзиното дете со голема љубов. Тие ќе се земат во 1998 година, а во 1999 година ќе им се роди ќерката Александра.
Во тие години Сузана реши да направи пауза од кариерата и да му се посвети на семејството, бидејќи не сакаше децата да и ги чуваат дадилки. Се обидуваше секоја година да издаде барем неколку песни со кои ќе се претстави пред публиката, па од тогаш објавила неколку албуми и синглови. Но по 11 години музичка пауза, таа реши повторно да се појави на сцената, а на промоцијата на нејзиниот најнов албум најголема поддршка и беше токму семејството.
„Зборот ‘очув’ навистина морбидно звучи, но во нашето семејство е потполно различна атмосферата. Сале безброј пати во друштво за Даниел има кажано: ‘Како да е мојот син, жал ми е што не сум му вистинскиот татко’. Многу е горд на него и во студиото работат заедно. Ако мажот може со нешто да ве ‘купи’ во животот, тогаш тоа е кога ќе го прифати вашето дете од првиот брак. Тоа е подобро отколку да добив седмица на лото. Тој воопшто не се раздвојува од Александра и Даниел. И двајцата се наши деца“, изјави сопругата на Поповиќ во една пригода и истакна дека чувствата се обострани и дека Даниел подеднакво го сака Сашо.