Кафе муабет
Познатата актерка ја критикуваат дека изгледаш како „Џокер”: „Колку плати за овој yжаc?!“
Најголемо внимане предизвика токму Кристин Дејвис и многумина се прашуваат што точно се случило со нејзиното лице...
Обожавателите на серијата „Ceксот и градот“ очигледно не можат да им простат на актерките што стареат.
Откако пред неколку недели Сара Џесика Паркер беше нападната поради својот изглед, сега и нивната сакана Шарлот, која ја игра Кристин Дејвис е мета на критики поради тоа што воопшто денес не личи на жената што ја гледале со години.
Ѕвездата на серијата „Ceксот и градот“, 56-годишната Кристин Дејвис, никогаш не раскажувала ниту негирала приказни за естетската медицина, а повеќе од јасно е дека актерката користела филери и ботокс. За жал, до тој степен што повеќе не личи на себе.
Трејлерот за новата сезона беше дочекан со голема возбуда, но остана во сенка на шпекулациите за изгледот на актерките. Најголемо внимане предизвика токму Кристин Дејвис и многумина се прашуваат што точно се случило со нејзиното лице, а некои заклучија дека сето тоа е резултат на пластична операција.
„И токму така, Шарлот има ново лице“, „Што направи Шарлот со нејзиното лице“, „Целосно го разбирам притисокот под кој се наоѓаат жените и мора да изгледаат убаво на одреден начин, а веројатно и самата ќе направам пластична операција ако имам пари, но, „ceкогаш кога ќе го покажат лицето на Кристин Дејвис, се прашувам колку платила за ваква ужасна пластична операција. Некогаш беше природна убавица“, се дел од коментарите кои се проширија на социјалните мрежи.
Интересно е тоа што Кристин во интервју за „New Beauty“ во 2018 година изјавила дека не сака да го менува својот изглед со пластични операции бидејќи се плаши од игли, компликации и конечни резултати кои не можела да ги поправи, но судејќи по најновите фотографии и снимки, изгледа се предомислила.
Кристин, која во серијата ја глуми Шарлот Јорк, првпат во оваа улога се појави во 1998 година, а сега, повеќе од две децении подоцна, се враќа на малите екрани заедно со колешките Сара Џесика Паркер и Синтија Никсон.
Продолжението на култната серија, која започнува да се емитува на 9 декември на HBO Max, се вика „And Just Like That…“ и ќе има 10 епизоди, а ceкоја главна актерка ќе добива плата од еден милион долари.
За потсетување, неодамна и Сара Џесика Паркер беше мета на критики, но актерката се најде на насловната страница на декемврискиот „Вог“ во 2021 година и реши да им одговори на сите кои ја критикуваа за нејзиниот изглед.
Во разговорот се осврна на негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи по најавата за продолжување на серијата „Ceксот и градот“.
Воглавно, овие коментари беа насочени кон возраста и изгледот на главните актерки Сара и нејзините колешки Синтија Никсон и Кристин Дејвис.
– Имаше толку многу мизогински коментари за нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до маж. Воопшто не знам што да им кажам на овие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има полна глава седа коса и никој не се прашува зошто – рекла актерката.
Сара додаде дека е тешко да се справиш со коментари на социјалните мрежи бидејќи секој има поплака. Таа истакнува дека таа и нејзините колешки се мета на критики или поради премногу брчки или затоа што другите колеги воопшто ги немаат.
– Изгледа речиси и да не сакаат да бидеме во ред со себе, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што треба да направам за тоа? Стоп за стареење? Јас исчезнувам? праша таа.
Инаку Сара важи за исклучително елегантна дама, со префинет вкус, со витко мускулесто тело, и секогаш изгледа убаво и средено.