Кафе муабет

По подолго време се појави јавно и ги расплака сите – ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ДЕНЕС ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА ВИОЛЕТА ТОМОВСКА

Се појави во јавноста и ги расплака сите...

 

Виолета Томовска важи за едно од најзвучните имиња на македонската музичка сцена.

         Фото/Принтскрин

Родена е во 1945 година во Битола. Томовска потекнува од музичко семејство.

Основно образование завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД ,,Илинден’’ – Битола.

       Фото/Принтскрин

Уште од млади години  имала можност да учи од доајените на македонската музика.

       Фото/Принтскрин

Од 1959 до 1963 секојдневно вежбала клавир со нејзиниот вујко Благој Петров – Караѓуле и со нејзината тетка Блага Петрова – Видец.

       Фото/Принтскрин

Во 1960 година настапила во радиоемисијата „Микрофонот е ваш“ и добила прва награда, што за неа претставувал поттик за понатамошна работа, а со тоа ѝ се остварила желбата да работи во Радио Скопје. Веднаш потоа, Александар Џамбазов за неа ја напишал песната „Пелистерски очи“ со која станала многу популарна.

       Фото/Принтскрин

Томовска има богата музичка кариера во која испеала многу хитови и бисери на македонската староградска песна. Меѓу попознатите се хитовите: „Македонско девојче“, „Ој Вардаре македонски“, “Заиграј со мене ти”, Камен да беше срцето”, За многу години Македонци”, „Ми товарил Дончо“, „Песна ви пеам, Македонци“, “Ах вие луди млади години”, “Битола мој роден крај”, „Молитва“, „Песната е дар од Господа“ и стотина други. Многу песни отпеала и во дует со Кирил Манчевски, Никола Бадев, Наум Петрески и др

       Фото/Принтскрин

Новинарот Огнен Јанески на Фејсбук  неодамна сподели заедничка фотографија со Виолета Томовска.

       Фото/Принтскрин

На фотографијата Виолета изгледа прекарсно, насмеано и како времето да застанало за неа.

„Со Виолета Томовска. Таа денеска нè расплака сите, пеејќи ја нејзината ,,Молитва”, откако ѝ беше врачена наградата за Жена со трајни вредности, во рамки на манифестацијата Конференција „Жени Претприемачки“, напиша Јанески на Фесјбук.

       Фото/Принтскрин

       Фото/Принтскрин

       Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close