Кафе муабет
Погледнете каков фраер фати Данијела Мартиновиќ- љубов како на филм, го преболе Грашо и заврши во прегратки на овој инспектор
Отрки дека е среќна и заљубена...
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ долго време беше во центарот на вниманието поради разделбата од пејачот Петар Грашо со кого беше во врска повеќе од две децении.

Додека Грашо во меѓувреме се ожени го Хана Хулиќ и ја добија ќерката Алба сите очи беа вперени кон Данијела.

Имено пејачката воопшто не се огласуваше на тема разделба од поранешниот партнер а ниту тој не ја откри вистинската причина за крахот на љубовта која траеше долги години.

Но изгледа дека коцките се наместија и во љубовниот живот на пејачката па таа сега повторно е заљубена.

Сплитската пејачка веќе извесно време е во врска со криминалистичкиот инспектор Јосип Плавиќ.
Како што кажува Данијела, таа се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку Интернет пред околу една година. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле со контактот од кој на крајот се „родила“ љубов.

– Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа – изјавила Даниела за Глорија.

– Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти за кои секако ќе се огласам во иднина бидејќи сакам оваа приказна да остане абележана – истакна пејачката.
