Дом и семејство

Пејачката позираше меѓу 3.500 рози кои ги доби за Денот на вљубените: Ваков сопруг би посакала секоја жена

Маја беше воодушевена...

На Денот на вљубените познатата пејачка Маја Шупут која откако го роди синот Блум е посветена на семејството, доби изненадување какво би посакала секоја жена.

фото инстаграм/Маја Шупут

Имено денеска не беше возможно да се помине во нивниот дом поради огромната количина рози.

фото инстаграм/Маја Шупут

Пејачката и претприемач Маја Шупут откри како ја изненадил нејзиниот сопруг Ненад Татаринов.

фото инстаграм/Маја Шупут

“Уууууу! Наградата за најдобар сопруг оди на наша адреса! Среќен Ден на вљубените на сите”, напиша Маја Шупут покрај серијата фотографии на кои се гледа нивната дневна соба исполнета со вазни со црвени рози.

фото инстаграм/Маја Шупут

Маја позираше во тоа море од цвеќиња, видно изненадена и воодушевена.

фото инстаграм/Маја Шупут

Таа, исто така, се вклопи меѓу розите, бидејќи носеше црвен комплет за долна облека и препознатлив светло црвен кармин.

фото инстаграм/Маја Шупут

Таа позираше меѓу 3.500 рози кои и ги достави сопругот утрото на денот на вљубените.

Ненад не остави ништо на случајноста па реши да ја изненади својата сопруга и да и покаже колку ја сака.

фото инстаграм/Маја Шупут

Пејачката и инфлуенсерка, која ги користи своите профили за рекламирање на сопствени и туѓи производи, многу јасно стави до знаење дека Денот на вљубените е многу важен ден во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Маја Шупут

Маја неодамна зборуваше за семејниот живот со сопругот Ненад Татаринов и нивниот син Блум кој уште од сега е вистинска ѕвезда.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Весело. Тоа дете никогаш не плаче. Тој само би играл, смеејќи се цело време. Тој стана многу енергичен и жив. Тој ги сака сите луѓе. Воопшто нема проблем со стотина нови луѓе околу него. Тој сака да се капе, тоа е нашиот омилен ритуал. Тоа му е од мама. Сака да патува и да ужива во хотел. Никаде не спие како во хотел. Не можете да го замислите тоа… Тој навистина сака да јаде. Ужива во храната – риба, месо, праз, рече Маја за едногодишниот син.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Иако мислев дека знам што е љубов, всушност не знаев додека не го родив Блум. Таа количина на љубов и грижа не може да се измери со ништо. Никогаш повеќе нема да сакам некој толку многу, гордо вели пејачката.

фото инстаграм/Маја Шупут

Што се однесува до нејзиниот сопруг Ненад, таа откри за што му е најблагодарна.

фото инстаграм/Маја Шупут

– Сега ми е многу поважно каков татко е тој отколку како сопруг е. И тој е прекрасен татко. Најмногу сум му благодарна на тоа што тој е нормален човек кој го прифати тоа дека за време на викендите работам а тој се грижи за Блум. Тие имаат свој машки принцип, играат, јадат, се забавуваат. Блум не е дете со барања, тие одлично се забавуваат кога јас не сум таму. Одат на шопинг, на прошетка, го заспива. Размислував како би било да имам сопруг на кој ќе му биде тешко сето тоа иако се работи за негово дете…, искрено истакнува пејачката која моментално ужива во деловната и приватната идила.

фото инстаграм/Маја Шупут

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close