Кафе муабет

ПЕЈАЧКАТА ОБЈАВИ ПРВА ФОТОГРАФИЈА ОД БЕБЕТО: Сена има само два месеци но неверојатно наликува на мајка си!

Ана Севиќ ги живее најсрекните денови...

Пејачката Ана Севиќ се породи на почетокот на декември и роди девојче.

Пејачката, која е во емотивна врска со Даниел Недељковиќ, неодамна ја објави првата фотографија од нејзината помлада наследничка.

– Добра вечер, свету! Јас сум Сена Недељковиќ – напиша тогаш Ана.

Пејачката тогаш сподели фотографија од прекрасното креветче во кое спие Сена, а може да се забележи прекрасна прекривка со нејзинто име, изработена специјално за помалата ќерка на Ана.

Севиќ сега покажа и како изгледа нејзината наследничка.

„Животе мој драг!, стои во описот на фотографијата на која се гледа слаткото лице на бебето.

А, она што не можеме а да не го забележиме се полните усни што ги наследи од нејзината убава мајка.

 

Пред извесно време Ана на својот Инстаграм профил објави видео со својата ќерка, која ја доби со нејзиниот избраник Даниел Недељковиќ и ги растопи сите на социјалните мрежи.

Пејачката цврсто ја држеше ќерката во прегратки и покажа колку ужива да биде со неа.

На девојчето му даде име по грчката божица!

Името Сена е варијанта од името Селена, кое потекнува од грчки јазик и е име на божицата на Месечината.

За оние кои не знаат Ана веќе ја има ќерката Лорена, која ја доби од првиот брак со пејачот Дарко Лазиќ, а сега има уште една наследничка со избраникот Даниел Недељковиќ, за кого ова е прво дете.

Ана Севиќ и Даниел Недељковиќ започнаа да се забавуваат во јануари 2018 година, откако таа и нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ ја известија јавноста дека поднеле барање за развод.

За сега Ана и Даниел имаа стабилна и хармонична врска и важат за заљубен пар кој не го пратат скандали. Парот планира венчавка откако ќе помине пандемијата со коронавирусот.

-„Лорена на својата сестричка и го даде името Сена, а Даниел е татко за пример. Тој е грижлив и многу ми помага, така што можам само да му се заблагодарам на Господ за сé.

„Оваа година ми донесе најголем подарок – уште едно девојче. И покрај се, за мене 2020 година беше мошне убава. Планирам и во новата година да работам на наталитетот. Се надевам дека и другите размислуваат така бидејќи треба да се има што повеќе деца. Лорена е воодушевена што доби сестричка“, изјави популарната пејачка непосредно пред Новата година.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close