Новости

Оваа баба има 7 деца, 26 внуци и повеќе од 100 правнуци- го победи коронавирусот и ја открива тајната за долговесчност!

На 103 години го победи вирусот корона...

Оваа бабичка е вистински доказ за борбеност и долговечност.

Дела Хаторн од американската држава Оклахома го прослави својот 103 роденден во саботата, само неколку месеци откако го победи вирусот Ковид-19.

Нејзиното семејство и пријатели и приредија роденденска забава почитувајќи ги епидемиолошките мерки, а пред се социјалната дистанца, објави KOCO5.

„Не знаев дека ќе го направат сето ова,“, рече среќната баба.

Како што истакна еден член на нејзиното семејство, Хаторн била „многу емотивна“.

– Таа рече: “Не сакам да плачам. Не сакам да плачам” …

Таа прави сè за нас. Време е да направиме нешто за неа – рече тој.

Дела Хоторн е мајка на седум деца, има 26 внуци и повеќе од 100 правнуци. Таа успеа да го победи Ковид во 2020 година. Таа помина скоро две недели во болницата Мерси во округот Логан и успешно се опорави во средината на октомври.

– Не можам да поверувам. Инененаден сум бидејќи сите зборуваат дека шансата да се победи Ковид на нејзина возраст е многу мала – рече нејзиниот син Лоренцо кога беше пуштена од болницата.
Размислувајќи за нејзината борба со ковид, Хаторн сподели неколку совети за долг живот.

„Однесувајте се кон сите добро, третирајте ги сите подеднакво и потоа обидете се да јадете добро“, рече Дела Хоторн.

Уште еден 103-годишник го победи Ковид 19 минатото лето.

Пакистанец го победи вирусот корона на возраст од 103 години, со што стана еден од најстарите луѓе во светот што ја преживеал инфекцијата.

Азиз Абдул Алим, жител на село близу границата на Пакистан со Кина и Авганистан, работел како столар до седумдесеттите години,. Имал три сопруги и девет деца, изјави неговиот син Ахмед, кој е во своите педесетти години.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close