Кафе муабет

Откриени сите детали од луксузната венчавка на Мустафа Сандал со 19-години помладата избраничка- нема да верувате каде ќе биде свадбата

Ќе се венчаат летово...

Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, за неколку недели ќе го каже судбоносното „да“ на неговата 19 години помлада избраничка Мелиса Сутшуруп.

Фото Инстаграм/Мустафа Сандал

Свадбата треба да се одржи во Рим на 3 јуни, а неколку дена подоцна ќе следи луксузна прослава во ексклузивен хотел во Мармарис и ќе трае два дена стои во поканата.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Прославата е закажана за 80 гости, а дури и трошоците за превозот ќе бидат на товар на Сандал. Интересно е како младенците се одлучиле за видео форматот на поканата во која Мустафа во еден момент дури и пеел на својата идна сопруга, јавуваат турските медиуми.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Мустафа и Мелиса се заедно три години, а се верија во февруари годинава. Свршувачката беше скромна и во кругот на семејството, парот беше во лежерна облека и многумина се зачудија за изборот на Мелиса, која дента носеше црн фустан.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Сандал на локалната јавност и е најпознат по бракот со Емина Јаховиќ, со која се разведе во 2018 година. Заедно ги имаат синот Јаман и Јавуз.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Мустафа има 52 години но поради младоликиот изглед многумина и се зачудени кога ќе ги каже своите години. Неодамна тој откри дека тајната на неговиот младешки изглед е во редовниот тренинг. Но истакна и дека љубовта има уддел во тоа…

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Тој е во среќна врска со две децении помладата Мелиса Сутсуруп, успешна бизнисменка, која на јавноста и ја претстави минатото лето.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Иако не беа во добри односи со поранешната сопруга Емина Јаховиќ, сега тие ги закопаа воените секири и повторно се во добри односи.

Фото Инстаграм/Мелиса Сутсуруп

Тие се на суд поради алиментација.

– Јас и Мустафа сега имаме контакт како родители на две момчиња. Се трудиме да ги едуцираме и воспитуваме на најдобар можен начин. Секој си има свој живот и никој никому не му се меша. Има еден спор кој треба да заврши, го оставивме на адвокатите. Веќе не зборуваме за тоа – истакна неодамна Јаховиќ за „Блиц“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Емина на 15 јануари наполни 40 години, но тогаш истакна дека не би менувала ништо.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Искрено, никогаш не би го сменила ова чувство што го имам во мојата глава сега и моето животно искуство за триесеттите или дваесеттите години. Никогаш не замислував дека ќе наполнам четириесет, некако секогаш ми беше премногу. Но што е најважно, гледам дека сè уште сум дете во душа. Се чувствувам убаво како никогаш досега и како да доаѓа вистинското време, истакна пејачката.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

-Моментално сум заљубена во музиката. Го напишав речиси најдобриот албум во мојот живот, најискрениот досега… Ги напишав најубавите песни. Брендот добро напредува, повеќе се фокусирав на работата. Мислам дека нешто ќе ми се случи во љубовта, не прашувам и не бркам. Сакам самата себе да се поставам како стабилна, сите околу мене да бидат стабилни, вклучително и љубовниот живот – заклучи Јаховиќ.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Неодамна Емина Јаховиќ откри дека разводот и прекинатата врска со бившиот сопруг оставиле последици врз однесувањето на нивниот постар син Јаман кој моментално минува низ пубертет.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Јаман има тринаесет години, а Јавуз девет, се уште не е во пубертет. Мислам дека ако имав близнаци кои имаат тринаесет години, целосно биполудела. Но, кога ги гледам моите деца, тие се многу добри, бидејќи јас сум строг родител и перфекционист. Знам како пораснав, добри се на училиште, ги почитуваат постарите, сакаат животни, но мислам дека оваа година ќе помине. Јаман моментално е во оние години кога одбива се и едноставно што и да му кажат тој знае подобро. Нема шанси да му не го направи тоа што го сака, тоа е негова манипулација што ја прави од самото раѓање. Едноставно е, на крајот секогаш го добива она што го сака. Се трудам да бидам силен. Тој е дете на разведени родители и тоа не ми оди секогаш добро, понекогаш ја користи ситуацијата дека немаме добра комуникација за да прави како што сака – искрена е таа.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Синот на Емина Јаховиќ често ги користи нерешените односи на неговите родители за да го добие она што го сака. Сепак, Емина вели дека ја надминала врската и конфликтот со Мустафа.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Мустафа е некој кој е мој поранешен сопруг и татко на моите деца. Јас така гледам. Секогаш ќе морам да бидам во некаква комуникација со него и така ќе остане. Сето тоа го надминав, само сакам моите деца да бидат добро. Ќе направам се за да им го олеснам пубертетот и животот во секоја смисла на зборот – вели таа во искреното интервју за „Блиц“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close