Дом и семејство

Опасности кои демнат доколку објавувате фотографии од децата на социјалните мрежи!

Социјалните мрежи треба да го почитуваат законот, но понекогаш некои ограничувања едноставно се заобиколуваат....

Родителите секојдневно објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи. Секако љубовта кон нив, и одредени момент со кои се гордеат се клучни за родителите да објават фотографија до своето малечко, но експертите велат дека сепак тоа е погрешно.

фото илустрацја
фото илустрацја

Објавувањето на првите чекори, слатките и смешни моменти, првиот ден во градинка, училиште … Сите овие се моменти што со задоволство ги овековечуваме, и честопати сакаме да ги споделиме со пошироката заедница но тоа може да биде многу опасно.

фото илустрацја
фото илустрацја

Иако скоро секој објавува фотографии од своите деца на социјалните мрежи, во различни прилики, има контроверзии за ова и на крајот секое семејство има свои правила и родителите сами одлучуваат каква практика да применат. Тука, сепак, ќе се обидеме да наведеме некои ситуации во кои е потребна дополнителна претпазливост.

фото илустрацја

Прво треба да ги проверите безбедносните поставки на социјалните мрежи, како и да прочитате што претставуваат одредени ограничувања. Социјалните мрежи треба да го почитуваат законот, но понекогаш некои ограничувања едноставно се заобиколуваат. Прочитајте ги поставките за приватност пред да ги прифатите а не ги прескокнувајте затоа што сметате дека немате време за тоа.

фото илустрацја
фото илустрацја

Објавувањето фотографии од првиот училишен ден е особено популарно, но ситуацијата лесно може да излезе од контрола. Откривате детали за училиштето што го посетува вашето дете, што не е информација што сакате сите да ја знаат ако се грижите за безбедноста на вашето дете.

фото илустрацја

Генерално е неопходно да се ограничи споделувањето на локацијата на социјалните мрежи бидејќи на тој начин откривате вредни информации за вашиот живот, особено местата што вие и вашите деца почесто ги посетувате. Личните податоци на вашето дете, исто така, не треба да бидат изложени, ниту интимните делови на децата.

фото илустрацја

Уживате во ситуации кога детето седи на нoкширче затоа што сте горди на новата вештина. Со нетрпение очекувате игри и насмевки на вашиот одмор покрај море, така што не можете да одолеете да не споделите фотографија од децата како безгрижно си играат во плиткото, но не ставајте фотографии на кои се гледаат интмните делови на детето. Бидете внимателни со вакви фотографии, бидејќи тие можат лесно да се искористат и да се прошират , и важно е да имате на ум дека вашето дете можеби нема да биде воодушевено од вашите објави еден ден кога ќе порасне.

фото илустрацја
фото илустрацја

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close