Дом и семејство

Се роди со голема лузна а нејзината мајка само што не се расплака: Што ли и е тоа на главата?

„Кога ќе порасне и ќе почне да ги разбира работите, на возраст од три, четири или пет години, ќе почне да сфаќа дека не е иста како другите деца, туку дека по нејзинипот изглед се разликува од нив...

Шестмесечната Виена е родена со голема црна лузна на челото, а со цел да избегнат нивната ќерка да има проблеми со својот изглед кога ќе порасне, Даниел Брукшо и Селин Кејси од Јорк одлучија да соберат пари за отстранување на белегот од лицето на нивната ќеркичка.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси
Фото Фејсбук/ Селин Кејси

Даниел, таткото на малата Виена за медиумите изјави: „Ја видовме лузната кога се роди, што беше голем шок за нас, а ни докторите не знаеја што е тоа. Бевме во паника.

„Тие не испратија во Универзитетската болница во Лидс Сент Џејмс за да се консултираме со педијатриски хирург кој ни рече дека никогаш нема да ја оперира Виена додека таа не е доволно возрасна за да го каже своето мислење, односно додека не стане тинејџерка.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

 

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

„Психолошките ефекти би биле огромни, да ја оставиш да поминува низ пекол додека од на училиште. Тоа е нешто за што првенствено сме загрижени, вели Даниел.

„Кога ќе порасне и ќе почне да ги разбира работите, на возраст од три, четири или пет години, ќе почне да сфаќа дека не е иста како другите деца, туку дека по нејзиниот изглед се разликува од нив.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

„Денес децата не размислуваат дали ќе повредат некого и ние не сакаме тоа да влијае на нејзиното ментално здравје, што и ќе го направи.

Бидејќи Националната здравствена служба не финансира такви операции, родителите беа принудени да започнат добротворна кампања и да соберат донации.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

Тие отворија сметка на која можеа да донираат сте оние кои сакаа да м помогнат, меѓутоа, износот што се појави на нивната сметка  ги надмина очекувањата, пишува „Би -Би -Си“.

Ретката состојба на Виена, која покрива поголем дел од челото, е предизвикана од бенигна акумулација на дополнителни пигментни клетки во истата област. Нејзината мајка истакна дека е загрижена дека еден ден ќе и биде тешко на нејзината ќерка да од на училиште и дека лузната може да влијае на нејзиното ментално здравје кога ќе порасне.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

– Ќе одбележи се, нејзината иднина, одењето на училиште … ќе ни биде многу благодарна – вели Селин.
Националната здравствена служба врши слични постапки бесплатно само ако здравствените состојби сериозно влијаат врз здравјето на лицето, поради што оваа операција мора да се изврши во приватна клиника. Откако ја слушнаа веста, Даниел и Селин веднаш побараа помош за да соберат 14.000 фунти.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

– Тоа е неверојатно! Не очекувавме да собереме 14.000, но благодарение на добрите луѓе собравме 25.000! Неверојатно е колку добри и дарежливи можат да бидат луѓето, особено во вакви времиња – рекол таткото.

Виена во следните 18 месеци ќе подлежи на скенери и три различни операции, а доколку останат пари на сметката на нејзините родители, тие велат дека ќе ги донираат на друго семејство со слична ситуација.

Фото Фејсбук/ Селин Кејси

– Ако ова може да се направи на нејзина возраст, особено пред да започне со училиште, и успееме да ја отстраниме лузната што ќе влијае на нејзиното ментално здравје, секако би ја заштитила од тоа – заклучи Кејси.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close