Кафе муабет
Омилената водителка Сања Кужет повеќе нема да биде дел од “Ѕвездите на Гранд”?- започнува нов бизнис, еве за што се работи
Се посвети на сопствен бизнис...
Новата професија на Сања Кужет привлече големо внимание во јавноста.
Кога неодамна ги извести медиумите дека ќе започне малку поинаков деловен потфат од очекуваниот, сите се прашуваа кое е новото занимање на Сања Кужет.
Се испостави дека омилената водителка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ започнала сопствен бизнис, кој според првите впечатоци предизвикал голем интерес кај јавноста.
View this post on Instagram
Како некој што се држи до себе, се грижи за исхраната, тренира, што резултира со нејзиниот одличен изглед и извајано тело, Сања слушајќи ги прашањата на своите следбеници на социјалните мрежи, почна да произведува и дистрибуира здрави пијалоци за детоксикација.
Таа одговори на љубопитните прашања на фановите како е можно и покрај тоа што родила два сина да изгледа толку добро.
Наследниците Андрија и Страхиња и сопругот Немања Живојиновиќ се најголемата движечка сила на Сања и нејзина инспирација секој ден да биде попродуктивна и подобра, и така полесно се справува со задачите на деловна жена, сега претприемач, која е и сопруга и мајка, рече таа неодамна.
Новата професија на Сања Кужет ја поддржаа бројни колеги водителки и познати личности со кои таа секојдневно соработува.
-Сите промени кои се случиле кај мене беа спори, променив неколку намирници, навики, воглавно тоа започна кога станав мајка по втор пат и кога сфатив дека не можам да се препуштам само на младоста и генетиката, туку морам да направам нешто добро за себе и за својот организам, така и започна првата навика, а првата навика е дефинитивно исфрлување на лебот од исхраната. И така се започна, малку по малку, бирав што ќе ми биде соодветно, што да јадам а да можам да издржам цел ден. Инаку беше хаотично, работа, две деца, сопруг, дом, тоа се работи кои ги поминува буквално секоја жена, но ако успееме да направиме нешто за себе и да можеме да успееме на сите полиња тогаш тоа е голема работа, а идејата се ова да се реализира се токму луѓето кои секојдневно ме прашуваат што јадам,што пијам, со што се хранам, дали користам некои специјални намирници. Така луѓето, моите соработници, ме инспирираа да започнам да презентирам што јас јадам. Јас сама работев на вкусовите. Се водев од тоа што мене најмногу ми се допаѓа и најмногу делува.
Инаку станува збор за сокови кои се замена за оброк а како што вели водителката рецептите се лично нејзини а ги работела заедно со нутриционист.
-Можам да кажам дека сопругот ми е најголема поддршка. Тој е оној кој покрај децата ми дава најголема инспирација да бидам најдобра верзија од себе.
Таа истакна дека со оглед на тоа дека школската година е продолжена, постариот син има уште еден месец да го постигне успехот кој таа го очекува. Инаку споменува дека од него очекува да се однесува како секое нормално дете и не и пречи тоа што се уште не покажува афинитети кон одредена професија.
-Тој се однесува како своите врсници иако ние мајките понекогаш сме многу амбициозни и очекуваме децата да бидат што понапредни и подобри, сепак се ќе дојде со текот на времето, истакна Сања за Стори.
Сања вели дека во еден период дури и имала премногу очекувања од децата кои како што вели се само деца па сега учи со нив, учи од примерите на останатите луѓе. Кога говори за второто дете вели дека била поопуштена бидејќи знаете дека работите ќе дојдат на свое место и дека нема потреба да бидеме исплашени.