Новости
Оливера Балашевиќ повторно ја шокираше јавноста: Ги налути фановите на покојниот сопруг со овој потег!
Фановите изненадени од постапките на Оливера...
Животот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ згасна на 76 годишна возраст, а зад себе ја остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекс, како и неговите многубројни хитови.
Но вдовицата на Ѓорѓе Балашевиќ, Оливера Балашевиќ веќе речиси една година не престанува да ги изненадува бројните обожаватели на нејзиниот покоен сопруг.
Неговата љубов со сопругата Оливера траеше повеќе од четири децении.
Балашевиќ во 2001 година го објави својот албум „Дневник старог момка“ посветен на неговата најголема љубов и поддршка.
Тие се сретнаа случајно за време на едно телевизиско гостување,
А откако Оливера констатирала дека Златко Вујовиќ е опасен фудбалер, Балашевиќ решил веднаш да се ожени со неа. Тие уживаа во складниот брак повеќе од четири децении, а многумина се прашуваат дали познатиот кантавтор би имал толку емотивни балади ако во далечната 1979 година не ја сретнал и запознал својата Оливера, жената која беше негова најголема поддршка и инспирација во животот, и во која беше вљубен до својот последен здив.
Балашевиќ својата идна сопруга ќе ја запознае сосем случајно. Таа е поранешна репрезентативка во спортска гимнастика, а се запознаа кога и двајцата беа гости во новосадската телевизија – Оливера како спортистка, а Ѓорѓе како музичар. Убавата девојка која тогаш студирала во Нови Сад, ни не сонувала дека во тој „бушав“ и „незадолжителен“ младич со гитара ќе се вљуби „до уши“.
Имено, сега сите оние кои цврсто веруваа во идиличната љубовна приказна што ја живееја Оливера и Ѓорѓе, се целосно збунети од одлуките што ги носи таа.
Одлуката на Оливера Балашевиќ да ги забрани сите емисии посветени на нејзиниот сопруг на „Јутјуб“ беше само почеток, а потоа почнаа да следат низа неочекувани постапки.
Оља повторно ги изненади фановите, кога на корицата на својата книга покрај презимето Балашевиќ го додаде и моминското презиме Савиќ. Иако ја објаснила таа одлука, бидејќи романот и го посветила на мајка си, која го носела и презимето Савиќ, не успеала да го смири хаосот што го предизвика, а потоа следуваше уште поголем шок.
– На корицата на книгата што е причина за моето огласување стои презимето Савиќ, моминското презиме, и животното презиме на мајка ми, што ме одржа во годините прераскажани на страниците што следат …
– Го ставив таму од почит, наместо посвета и малку од суеверие, не како зајачка шепа, туку како крило на ангел кој толку совесно чуваше куќа во близина на Бегеј.
-Значи, нема никаков скандал, дури ни мистерија околу тоа, или нешто што би можело да им конкурира на „оние во задруга“ и короната во медиумите, во неколкуте преостанати весници и на таканаречените портали. Кога ќе се случи поради некоја причина да станете таканаречена „јавна личност“, најчесто ве поистоветуваат со „јавна сопственост“, па така се однесуваат со вас. Само ми олесна кога видов дека никој не објавил ништо за моите деца, за моето семејство, а со тоа и за мене, или за екстремниот недостаток на теми во оваа книга. Вистина е дека објавувањето вести главно се сведуваше на пренесување нечии лични објави на социјалните мрежи, но и овде има силни случајни и намерни грешки, малку од лигавост, малку повеќе од злоба…
– Затоа ми се чинеше дека е најбезбедно да се направи мала рецензија или промоција во Врбас едно од првите места на кои сакав да дојдам, поради сплет на околности бев веќе во десетина други места додека конечно не се договоривме и морам да нагласам дека тогаш се договоривме во два збора!?
Знам, ќе се запрашате, зошто прво од Врбас? Нема тајна! Имено, мојот омилен лик од огледалото не сум јас, што изгледа неискрено, но е вистина… Тоа е ликот на Зоки Фризер, голобрадото момче кое на неполни седумнаесет години дошло од Врбас во Нови Сад, носејќи чешли, фен и неговиот талент! Само мајка му мавташе на вратата, со молитвите ја растеруваше маглата ако му се најдеше на патот… И, во тие разговори низ огледалото со него, од збор до збор, од насмевка до солза во окото, еве не. Нема што многу да се објаснува. Да речеме дека сум во Врбас, едноставно поради НЕЈЗЕ… Поради Славица Секички – напиша Оливера Балашевиќ на својот Инстаграм профил.
Имено, сега сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ ги избриша сите фотографии со нејзинмиот покоен сопруг од својот профил на „Интаграм“.
Фановите на Балашевиќ тоа го прифатија со голем бес, а имаше и такви кои во оваа постапка го гледаа нејзиниот начин како да ја преброди загубата. Што се крие зад одлуката која ја шокираше јавноста, ќе покаже времето или Оливера повторно ќе им даде јавно објаснување на своите следбеници, како што и правела досега.
Инаку, тие се доказ дека најубавите љубовни приказни можат да опстанат, но и дека истите мора да се заливаат со најубави стихови и најнежните ноти.