Градинка

Овие работи престанете да ги очекувате од вашето дете

Понекогаш она што го очекуваме од децата ни прави повеќе штета отколку корист...

Сите ние очекуваме некои работи од нашите деца, без разлика дали е тоа да не’ слушаат или убаво да се однесуваат. Но, понекогаш тие работи кои ги очекуваме може да направат повеќе штета отколку корист… Еве за што станува збор.

Да бидат добри цело време

Ако малку размислите, очекувањето од децата да бидат постојано добри, нема никаква смисла. Никој не е добар цело време. Сите ние имаме добри и лоши денови. Сите имаме денови кога едноставно не ни се работи она што мораме.

Да се однесуваат позрело отколку што се

Во еден миг децата може да бидат ангели, а во другата да ве доведат до лудило. Понекогаш се љубопитни, понекогаш тивки, а понекогаш лукави. Повеќето време, децата се однесуваат во склад на своите години, но треба да истражуваат, да испробуваат нови работи… Пуштете ги да уживаат во своето детство.

Да се однесуваат како другите деца

Нормално е да забележите дека вашиот син е поотворен, а вашата ќерка порезервирана, или дека вашата ќерка е највисока или најниска во класот. Иако е нормално да ги споредуваме своите деца со другите, свесно или несвесно, кога ги споредувате вашите деца со зборови, можете многу да им наштетите.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close