Кафе муабет

ОВА МАЛО, УБАВО ДЕВОЈЧЕ ДЕНЕС Е НАША НАЈПОЗНАТА ПЕЈАЧКА – Ќе погодите ли која?

Ќе познаете ли која наша позната пејачка е на сликата?

 

Еден од најпопуларните предизивици активни на социјалните мрежи денес е предизвикот СетиСе, преку кој познатите се номинираат и објавуваат фотографии од нивното детство.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

Предизвикот го прифати и една од нашите најпознати пејачки – Калиопи.

Пејачката се потсети на своето детство со оваа фотографија:

,,Стани дел од предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село и ајде заедно да создадеме среќни спомени за секое дете…’’, напиша Калиопи во описот на фотографијата.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

 Познатата пејачка Калиопи Букле десет годни беше во брак со Ромео Грил. Тие во периодот на најголема популарност на бендот се повлекоа од сцената и од тогашна Југославија решија да се преселат во Швајцарија, каде цели десет години живееја потполно анонимен живот.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

Калиопи и Ромео ќе се разделат при крај на деведесеттите години на минатиот век, а како што самата откри во едно свое интервју, суштина на нејзиниот живот е синот Пако кој остана да живее во Швајцарија.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

Откако ќе се врати во Македонија, пејачката ќе заплови во романса, а потоа и во брак со тринаесет години помладиот актер и режисер Васил Зафирчев, но за жал и оваа врска нема долго време да трае.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

Инаку, Калиопи покрај тоа што е една од нашите најпознати пејачки, таа и денес важи за исклучително негувана и младолика дама за која годините се само бројка.

     Фото:Инстаграм/Калиопи

     Фото:Инстаграм/Калиопи

     Фото:Инстаграм/Калиопи

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close