Кафе муабет

Ова е единствената пејачка која била исфрлена од свадбата на Карлеуша и Душко- Испливаа детали кои долги години се криеја од јавноста

Стоја доживеала непријатен настан...

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ го кажаа судбоносното да пред околу петнаесетина години а за нивната венчавка долго се раскажуваше во локалните и регионалните медиуми, но некои детали од тој настан дури сега се појавуваат.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, неодамна се појави едно интервју на Јелена од 2008 година, не многу долго по самата венчавка, кое таа го даде за „Свет“ во тоа време, во кое открила и некои интересни работи од таа забава и открила дека една нејзина колешка доживеала вистинска непријатност.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Свадбата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се случи со инцидент кога обезбедувањето не сакаше да пушти една од гостите, а тоа беше колешката на Јелена, Стојанка Новаковиќ- Стоја.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Во интервјуто таа раскажа дека дошло до недоразбирање што довело до непријатност за Стоја и дека таа за малку ќе се налутела и ќе заминела дома.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

– Благодарение на совршено организираното обезбедување, кое ги проверуваше гостите, никој што не беше поканет не можеше да се приближи до комплексот Ковилова, а камоли да присуствува на свадбата. Па и направија проблем на Стоја, ни крива ни виновна, на влезот, не пуштајќи ја. Се искомплицира затоа што  се претстави како Стоја, додека на списокот на гости целото име и беше Стојанка Новаковиќ – раскажа Јелена.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Но, венчавката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ помина успешно без скандали бидејќи таа ситуација се разреши, а двете пејачки ја продолжија дружбата долго по настанот.

Фото Инстаграм/ Стоја институција

Нивната љубовна приказна започна на 28 јуни 2008 година. Јелена Карлеуша тогаш беше во седмиот месец од бременоста, но во венчаницата изгледаше неодоливо.

фото инстаграм/Јелена Карлеуша

Без ниту еден вишок килограм, со свежо исончан тен по одморот во Турција Карлеуша изгледаше боженствено.

Фото Hello.rs

Со пуштена руса коса, шминка и во мини труднички фустан, поп дивата влезе во хотелот „Президент“ во Ковилово и даде сигнал дека може да започнат последните подготовки за нејзината венчавка.

Фото Hello.rs

Во кристалната сала на хотелот, готвачот и менаџерот го комплетираа деталниот план за изгледот на раскошната маса. Садови со мраз, круши полнети со горгонзола и јагоди со спанаќ беа увертира за гастрономска авантура со мајсторски подготвен јастог, мисирка со сос од цреша и телешко месо во егзотичен амбиент. За естетскиот сегмент на прославата беа поставени сребрени и сатенски машнички, а спектаклот го збогатија бели кутии за подароци врзани со свила, свеќници од сребро и кристали, англиски порцелан, ЛЕД екрани, сцена осветлена во стотици бои.

Фото Hello.rs

Јелена веќе околу пладне на денот на венчавката го прими шминкерот во претседателскиот апартман каде што престојуваше. Без многу контроверзии решија шминката да ја направат што е можно поприродна, во нежни бои. А фризурата беше како принците од цртаните, во совршена хармонија со фустан обложен со кристали „Сваровски“, тежок пет килограми и украсен со седумнаесет метри бела свила.

Фото Hello.rs

Ковилово таа сабота беше центарот на Србија. Воздухот мирисаше на лето, балони светкаа под рефлекторите, а хостесите, уредно држејќи списоци, ги сместуваа гостите на обележаните маси. Со звуците на песната „Pogledi u tami“, Јелена зачекори на црвениот тепих држејќи го за рака нејзиниот татко Драган. Кога се приближуваше до пистата направена во базенот, не можеше да ги сокрие солзите.
Покрај Душко стоел неговиот долгогодишен пријател Миленко Андриќ, додека кум на Јелена бил креаторот Дарко Костиќ. Младоженецот гласно и самоуверено кажа „да“.

Фото Hello.rs

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close