Кафе муабет
Оваа убавица е идна снаа на Драгана Мирковиќ: Сите зборуваат за ова, што ли ќе каже пејачката
Марко е во врска со Анастасија која многу потсетува на неговата мајка...
Синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ не може да се одбрани од понежниот пол откако отвори профил на Инстаграм.
Toј има 22 години, сака добри автомобили, музика, љубител е на Формула 1, има исклучително високо образование и страстен вљубеник е во патувањата и излегувањата.
Марко деновиве се одмара на хрватското приморје, а на неговите инстаграм приказни може да се видат фотографии од плажа на кои, секако, е без кошула, а потценување е да се каже дека не ги „полудел“ девојките од целиот регион.
Сепак, изгледа дека Марко е зафатен и е на одмор со својата девојка, извесна Анастасија.
Тие двајца очигледно направиле кратко патување од Хрватска до Будва.
Тој ги извести своите следбеници и сподели фотографија од ноќно излегување чиј лик го сокрил.
Девојката на Марко Бијелиќ сака да остане тајна, додека тој се обидува да и ја исполни желбата, но се испостави дека се работи за убавата Анастасија.
Многумина коментираа дека има сличност со Драгана, а дали ќе и се допадне на неговата позната мајка останува да видиме.
Фактот што неговата мајка е мегапопуларна ѕвезда е доволен Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ, со секој негов потег да привлече огромно внимание.
Иако до неодамна не беше експониран во јавноста и беше вистинска мистерија за припадниците на седмата сила, Марко полека излезе од таа сенка и покажа дел од неговата приватност а со се почестите објави на социјалните мрежи стави до знаење дека му се допаѓа популарноста.
Синот на Драгана Мирковиќ порасна во примерно младо момче кое образованието го става на прво место.
Иако го живее животот од соништата, Марко никогаш не го истакнува тоа, а единствен показател за луксуз се скапите автомобили на кои е голем љубител, па затоа најголем дел од објавите на неговиот Инстаграм се со скапи автомобили.