Кафе муабет

Сузана Манчиќ објави фотографија „без филтри и фотошоп“: Оваа слика ја објавив за оние кои не можат да ме гледаат со очи

Таа е како виното, колку постара толку поубава...

Најпознатата лото девојка и една од најубавите жени во поранешна Југославија, последните години не е толку присутна на малите екрани, но поради тоа е многу активна на социјалните мрежи каде привлекува внимание низ целиот регион.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Нема филтер, нема фотошоп. Само малку одмор. Оваа слика ја објавив за сите оние кои ме сакаат, а особено за оние кои не сакаат очи да ми видат, изјави Сузана Манчиќ која на фотографијата позира целосно нашминкана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Под фотографијата има низа коментари и сите се согласија во едно – времето не и може ништо на оваа убава белграѓанка.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

„Ти си ми убава, шармантна, интелигентна, госпоѓа!“, „Прекрасна наша Сузи“, „Поубава од многу помлади надуени и деформирани жени“, „Дама за пример и природна убавина“, беа дел од коментарите.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Претходно Сузана има изјавено дека не знае како би изгледала денес доколку не направела различни третмани против стареење и дека има одлични козметичари кои се грижат за нејзиниот изглед.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Таа користи хијалуронска киселина и ботокс за лицето, деколтето и вратот, па дури и дланките кои инаку стареат со текот на годините.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана Манчиќ во поранешна Југославија важеше за симбол на женственоста и долго време ја водеше емисијата каде се извлекуваа добитните лото комбинации.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Таа признала дека често била напаѓана поради мултиталентот, но заклучила и дека е пионерка во многу работи.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Манчиќ својата кариера ја започна со песната „Огледалце, огледалце“, кога немаше ни 18 години.
Потоа започна да води неколку забавни емисии, па долги години ги извлекуваше добитните лото комбинации.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Ги кршев табуата во текот на кариерата со мојот јавен настап. Како многу млада, изгубив сериозна телевизиска понуда да водам емисија на ТВ Белград – ја опишува оваа животна ситуација Сузана:

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Тоа се случи затоа што учествував во претстава, всушност водвил наречен „Се-кс експлозија“. Настапив во корсет кој беше специјално направен за мене. Како што Готје и направи на Мадона, тој корсет ми го направи кројачот на театарот „Бошко Буха“. Претставата беше смешна, но беше скандалозна во тоа време. Немаше шанси водителка која работи на ТВ Белград да игра во ваква претстава. Тоа беше, на пример, првата граница што ја пробив.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Манчиќ наведува дека и нејзината музичка кариера на самиот почеток била дочекана со нож и наведува дека некои дефиниции за нејзиниот лик и дело тогаш ја навредувале.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Кога почнав да пеам, повторно беше табу тема. Се сеќавам дека во тогашните интервјуа често ме прашуваа што навистина си? Им одговарав дека сум Сузна Манчиќ! Требаше да помине малку време и тоа што бев мултиталентирана на крајот најдобро го искористи телевизијата – признава Сузана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

По 48 години во јавноста, Сузана признава дека кога ќе погледне наназад, гледа два медиумски системи како дел од историјата.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Се чувствувам како дел од историјата на југословенската и српската телевизија. Се сеќавам на многу работи и луѓе, пејачи, писатели, сликари, актери и сето тоа се легенди на регионалниот шоу-бизнис. Нешто ме турка одвнатре да им го пренесам тоа на ќерките. Често ги прашувам кој ја пее оваа песна, а кој беше овој, ако не знаат, секогаш им велам Ѓорѓе Марјановиќ, Лола Новаковиќ… Не сум носталгична, но мило ми е што се сеќавам и знам се за тоа време- вели Сузана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

За потсетување, Сузана Манчиќ со години е во среќен брак со Симеон Окомокос, а љубовта двајцата ја одржуваат на релација Белград-Атина.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Но пред да му го предаде срцето на Симеон, Сузана Манчиќ беше во брак со Небојша, член на некогаш многу популарниот бенд „Sedmorica mladih“, а по долго пријателство помеѓу него и водителката, се роди љубов. Иако поранешната „лото девојка“ за многумина беше неостварена желба и многумина ја молеа, таа му рече „да“ на Небојша во 1989 година. Двојката се разведе по осум години брак, но ја добија најголемата радост во животот – две ќерки.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана, која во тоа време беше на врвот на својата кариера, го промени својот живот за да се посвети на своето семејство, и кога Небојша започна да работи приватно, таа го следеше низ целиот свет. Меѓутоа, со одредена доза иронија и хумор, водителката се сеќава како изгледала нејзината веридба.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Обично велам: Таква девојка, таква убавица, а го запроси својот сопруг на кој му беше трета сопруга – рече во една прилика Сузана.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

По ненадејниот развод, Сузана се врати со своите ќерки во родниот град и по долг период на тишина, откри со какви проблеми наидуваше за време на бракот и какви последици имаше. Наводно, Небојша ја омаловажувал, велејќи дека таа повеќе не е убава и млада, иако е на прагот од четириесеттите години, па водителката страдала од депресија.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Сузана сега за прв пат проговори за деталите кои доведоа до колапс на љубовта.Според неа, разводот следел кога се заладиле односите помеѓу неа и Небојша.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Со сопругот едноставно престанавме да разговараме – истакна Сузана при гостувањето во емисијата „Јутро“ на ТВ Прва и додала:

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Меѓу нас владееше тишина и далечината почна да се развива.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Разводот на Сузана Манчиќ и Небојша Куниќ во 1997 година не беше крај на нивната врска. Сузана не крие дека и понатаму е во добри односи со бившиот сопруг поради ќерките.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

– Разговарам со мојот поранешен сопруг Небојша, без разлика што одамна се разведовме. Никогаш не се скаравме, разводот ни се случи во мир и мислам дека така треба да биде. Ќерките Наталија и Теодора редовно се слушаат со нивниот татко, никогаш не сум влијаела на кој било начин да им се наруши врската. Не го спомнувам често во јавноста затоа што има свој живот. Тој е дел од мојот живот кој ниту можам ниту сакам да го избришам – беше искрена таа.

Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Манчиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close