MAMA

Новите пациенти имаат тешко воспаление, а резултатот од тестот за корона им е негативен. Д-р Јанковиќ објаснува

На некои луѓе кои имаат пневмонија се случува да имаат негативен тест за ПЦР

Имунолог и член на кризниот штаб во Србија, доктор Срѓан Јанковиќ, изјави дека допрва треба да се постигне вториот врв на епидемијата во Србија. Објаснува други специфики на епидемијата и коронавирусот.

Срѓан Јанковиќ објасни за РТС како се случува некој да има тешка пневмонија и да се лекува во болница како ковид позитивна, а тестот за ПЦР покажува дека е негативен.

– На некои луѓе кои имаат пневмонија се случува да имаат негативен тест за ПЦР, затоа што Кај овие луѓе, вирусот повеќе не е присутен во носот и грлото, од каде се зема брисот, вели член на Кризниот штаб.Кога станува збор за тестови за антитела, Јанковиќ објаснува дека ако тестот ИГГ е позитивен, тоа значи дека лицето претходно било позитивно за коронавирус.

– Ако тестот ИГМ е позитивен, тоа значи дека станува збор за активна инфекција, забележува Јанковиќ.

Прочитајте го внимателно искуството на една пациентка која веќе 17 дена се бори со Ковид 19.

Вирусот корона е непредвидлив, прогресивно настапува и ги напаѓа респираторните органи, а колку е важно да се следи апсолутно секој симптом докажува и приказната на Тијана Н (38) од Чачак во Србија која за порталот „Телеграф“ го раскажа своето непријатно искуство.

Првите симптоми, како и кај повеќето луѓе кои се заболени од Ковид-19, е треска, а Тијана откри дека две ноќи имала зголемена температура, а потоа во наредните денови состојбата и се подобрила.

Но тоа траело кратко.

„Во вечерните часови одеднаш почувствував морници, чувство на студ на рацете, и покрај тоа што надвор беше топло. Потоа ја измерив температурата и беше околу 37.3, па легнав во кревет бидејќи постоеше субјективно чувство на студ, за да низ 10, 15 минути температурата се качи на 37.8. Почувствував слабост и омалаксаност, која се јави и следната ноќ со зголемена температура. Следните четири дена бев афребилма (без повисока температура), само чувство на малаксаност, а потоа со помош на ПЦР тест дознав дека сум позитивна на Ковид -19“, раскажува оваа 38 годишна жена.

„РТГ на белите дробови покажаа дека на едната страна, од левата, постојат првични промени во однос на интерстицијална пневмонија, но бидејќи вредноста на сатурацијата беше нормална, не бев задржана во болница, но ми беше препишана антибиотска терапија (Панцеф 400 мг и парацетамол 500 мг, 3 х 1), потоа ми беше предложена и понатаму витаминска терапија (2 х 1000 витамин Ц и витамин АД3), хепатопротектор, како и алфа-липоинска киселина за имунитет“ – рече Тијана.

За среќа, таа успеа да го запре понатамошниот напад на опакиот вирус благодарение на навремена реакција и одговорен пристап кон третманот.

„Сега се чувствувам многу подобро и вистинска среќа е што отидов на време и повторно ги снимив белите дробови за да добијам антибиотска терапија затоа што постои можност без неа болеста да се влоши. Исто така, советите на лекарот за внесување на течности и не прескокнување на витаминска терапија помогнаа полека да се запре болеста. Бидејќи „Ковид-19“ се развива кај секого индивидуално, мојот совет е строго да ги набљудувате првите симптомите и никако да не ги занемарувате и најмало покачување на температурата или било кој друг симптом“, заклучува Тијана.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close