Кафе муабет
Никогаш не беа во врска, лажеа, се беше само добра реклама: Братот на Рада открива шокантни детали за врската со Харис
Вели дека не биле заедно...
Веќе неколку месеци тема во медиумите е раскинувањето на долгогодишната врска на Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ.
Сега пејачот Ненад Манојловиќ, полубратот на Рада Манојловиќ, првпат отворено проговори за раскинувањето на неговата сестра со победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Харис Берковиќ и откри дека и самиот не бил сигурен дали се работи за врска или маркетиншки трик.
Имено, Ненад истакна дека не знае што се случува со нивната врска или дали некогаш биле заедно.
Тој истакнува дека можно е се да било само добра реклама а Рада и Харис никогаш да не биле во врска.
– Немам што да кажам што веќе не е кажано. Немам поим што се случува меѓу нив и дали воопшто нешто се случува или сето тоа беше маркетиншки трик. Ако се заедно, им посакувам многу среќа, но мислам дека не се. Ништо не може на сила ако не се наменети да бидат заедно. Ако не се, којзнае зошто е добро – рекол Ненад, кој признава дека никогаш не излегувал со Харис, но затоа редовно возат мотори заедно.
– Харис е прекрасно момче, го почитувам како лик. Секоја вечер сме во кафана, забавно ни е кога одиме на тура со мотор или слично. Го сретнав по неколку свирки неколку пати и видов дека е екстра личност и опуштен. Харис не е арогантен, тој е приземен тип и многу ми се допаѓа. Никогаш не можев да кажам лош збор за него, заврши Манојловиќ.
Харис има нова девојка?
Јавноста беше заинтересирана за причината за раскинувањето со оглед на тоа што многумина мислеа дека оваа врска ќе успее да ги победи злите јазици, и дека Рада конечно ќе стапне на лудиот камен, но овие очекувања не се исполнија.
Како што се пишуваше главна причина за раскинувањето на Рада и Харис биле неговите родители, кои не ја сакале Рада поради тоа што била повозрасна од него.
– Иако со години беа во врска, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат во хармонична заедница. Исто така, не им се допаднало тоа што пејачката е девет години постара од нивниот син, како и нејзиниот животен пат. Сакаат сосема поинаков профил на снаа- рекол неименуваниот извор.
-Рада на секој начин се трудеше да го освои срцето на семејството, но за жал, не успеа. По пандемијата на коронавирус, работите станаа уште покомплицирани. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па најголемиот дел од времето го помина во Босна.
Како што објавија медиумите наводно Харис започнал нова врска смао две недели по раскинувањето со со девет години постарата колешка. Но, не само што Рада и Харис раскинаа, тој толку брзо и најде замена на Рада што никој не можеше да поверува.
– Врската на Рада и Харис долго време беше на климави нозе, но мислеа дека некако ќе ја надминат кризата. Кога Манојловиќ конечно сфати дека нема ништо од тоа и на Инстаграм призна дека двајцата повеќе не се заедно, на Харис исто така му олесна. Не му беше грижа, долго време беа заедно, но тој продолжи понатаму. Почна повеќе да излегува со пријателите, му приоѓаа атрактивни девојки, сето тоа му се допадна. Две недели откако Рада призна дека раскинале, започнал нова врска со жена која е дури 15 години постара од него. Ја запознал на неговиот настап преку заеднички пријатели и навистина ужива да биде со неа. Таа е од Босна, непозната е за јавноста и е плавуша. Искрите веднаш полетаа, многу му се допаѓа нејзината енергија и воопшто не ја забележува разликата во годините. Тој е толку приврзан за неа што наскоро планира да започне заеднички живот – посочи изворот.