Новости

НИВНАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА Е ПОСЕБНА: Мустафа и Славица се венчаа кога дознаа дека таа ја губи битката со тешката болест!

За љубовта на Мустафа и Славица зборуваа сите

Пред неколку дена јавноста ја потресе веста за смртта на познатиот актер Мустафа Надаревиќ.

Foto: Duško Marušić/Pixsell

Тој го изгуби животот на 77 годишна возраст по долгата борба со тешката болест која за жал беше посилна од него.

На почетокот на својата кариера тој и самиот велеше дека бил мрзелив, и не бил многу вреден но се променил во моментот кога ја добил својата прва ќерка Наџа, од првиот брак со сопругата Јасна.

Ќерката на Мустафа, Фото: Принтскрин

Мустафа признава дека тогаш станал сериозен и посветен на работата, но за жал кога неговата ќерка наполнила 8 години, тој и Јасна се разделуваат и таа со Наџа заминува во Америка, а по разводот актерот ќе остане да ја гради својата кариера во Југославија.

Фото: Инстаграм/ Нана Надаревиќ

Неговиот втор брак беше со Снежана, со која има две деца ќерка Нана и синот Аша. кои живеат и работат во Загреб.

Вистинската љубов на Мустафа

foto Hayat.ba

И по пропаднатиот втор брак, Мустафа не се откажал од љубовта. Имено тој во подоцнежните години ќе ја пронајде вистинската љубов со која како што велеше се скротил и го пронашол својот мир.

Тие се запознаа на зрели години, кога веќе зад себе имаше два брака и три деца, ќерките Наџа и Нана, и синот Аша.

Иако ретко зборуваше за неговиот приватен живот, тој секогаш го спомнуваше тоа и постојано укажуваше дека Славица го смирила и дека неа и е најблагодарен.

Тој ќе се ожени трет пат со неа. Инаку Славица беше позната сценаристката и кореографка.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

 

Убавата Словенка иако беше од него помлада 20 години, сепак тие поминаа заедно две децении.

Мустафа во животот се бореше со неколку битки, во кои не успеа да победи.

Најтешката битка за него беше кога во 2012 година ја изгуби својата сродна душа, неговата Славица, која по*ина од канцер на дојка со кој се бореше десет години.

Не само таа туку и Мустафа заедно со неа секојдневно ја водеше битката со тешката болест, за на крајот да по*ине во неговите раце.

 

Мустафа и Славица, одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак, во периодот кога веќе и двајцата знаеја дека поради болеста доаѓа крајот.

Тие се венчаа на нејзиниот роденден, на 25 април.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

 

Тоа беше голема љубов, а словенската сценаристка и костимографка Славица Радовиќ-Недаровиќ непосредно пред да го изгуби животот, во својот последен разговор со пријателки, им кажала.

 

Foto Vecerni.hr

– „Грижете се за мојот Мујо“.

Таа повеќе од десет години се борела со рак на градите. По неколку успешни терапии, болеста повторно и се врати. Најголема поддршка и беше нејзиниот Мустафа. Тој беше со неа до последниот момент, а таа си замина во неговите раце.

 

Славица беше неговиот мир

 

Познатиот актер и неговата љубов, Славица се венчаа во 1992 година.

Од својата сопруга Недаревиќ се прости во Копар, словенски приморско гратче во кое Славица беше родена и го поминала детството и младоста. Со него беше само најтесното семејство.

Иако нејзиното семејство се пресели во Љубљана, жителите на ова гратче беа горди на својата успешна сограѓанка, а со тоа и нејзиниот Мустафа беше радо виден гостин.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

 

Тие двајцата живееја на релација Загреб, Љубљана, Сараево, каде Мустафа ја снимаше хит серијата „Луд, збунет и нормален“.

Неговите колеги велат дека Мустафа не сакал никого покрај себе на последното испраќање со Славица.

 

Од Славица сакаше да се прости на свој начин, онака како што и тие двајцата живееја“, изјави во една пригода филмскиот режисер Арсен А. Остојиќ.

 

Тоа беше прекрасна, нежна љубов, Мујо со неа го пронајде својот мир рекоа неговите пријатели.

Сите оние кои ги познаваа ги опишуваа како хармоничен пар кој ја чува приватноста за себе.

Тие беа многу приврзани еден за друг. Обожаваа филм и театар и често работеа заедно – во секоја претстава што ја режираше, Мустафа Надаревиќ ја ангажираше својата сопруга како костимограф и сценограф. Тие играа тенис и голф , а особено уживаа во своите одмори на Јадранот.

За време на нивниот престој на море, секогаш на тивко и мирно место, тие беа комплетно посветени еден на друг, што беше врв на среќата за нив, рече неодамна еден близок пријател на Мустафа.

Извор: 24 sata.hr

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close