Новости

“Врати се, ти простувам се”: Игор е очаен!- иако го изневери ја моли Северина да го спасат бракот?

Пријателите на Игор велат дека тој е очаен откако прочитал за неверството

Се уште нема официјална потврда за развод на Северина и Игор Којиќ, иако веќе со месеци се шпекулира за нивната разделба.

foto-story

Пред неколку дена во јавноста излезе и шокантната вест дека наводно Севе е во љубовна врска со познатиот бизнисмен и сопственик на винарија Томислав Востиниќ, но по неколку дена молк, ПР тимот на Северина реши да одговори на сомнежите и ја негираше веста дека таа и Томислав се заедно.

– Би сакале да ве информираме дека станува збор за личност од поширокиот круг на пријатели на Северина, во чија винарија се одржа настан на кој, покрај другите, присуствуваа и Северина и нејзините пријатели.Со ова отфрламе каква било друг вид на врска помеѓу нив- одговори  човекот за односи со јавност на Северина,  Давор Гргин за списанието „Индекс.хр“

Веста за наводната љубовна афера меѓу нив ја демантираше и самиот Томислав, кој рече дека со северина се само добри пријатели.

– Северина и јас сме добри пријатели и имам само пофални зборови за неа. Точно е дека таа дојде во мојата винарија, но не беше сама, туку во присуство на многу луѓе. Ништо не се случи меѓу нас двајца и сè што читам во весниците е смешно за мене. Разбирам дека нејзиниот живот е интересен за медиумите, но оваа вест не е вистинита – ја заврши истакна Воштиниќ.

Во моментот се шушка дека наводно Игор бил емоционално скршен откако во медиумите излезе оваа вест за наводно неверство на Северина па сега тој е очаен и ја моли да се смират.

Парот цели шест месеци немал никаква средба, откако Северина си замина од семејната куќа на Игор.

Наводно сега тој сака да го спасат бракот и ја моли Северина да се врати кај него.

foto https://www.vecernji.hr/

– Севе и Игор не се виделе веќе шест месеци, откако таа ја напушти неговата семејна куќа на Бежанијска коса и се пресели во Загреб. Одвреме-навреме се слушаат, но сепак никој не ја покрена темата за развод, па Игор се надеваше дека ќе успеат да ги надминат сите несогласувања и кога конечно ќе бидат видени повторно заедно во јавноста – вели добро информиран извор за  српски „Информер“.

foto-story

Игор за љубовната афера дознал од медумите

Синот на Кеба е шокиран од веста дека Северина има нова љубов, а се уште нема никаква одлука за развод.

– Тој се шокираше кога во весниците прочита дека неговата сопруга го изневерува и дека летово крстарела по Јадранот со Томислав, со кого и ја поврзуваат.

Веднаш ја повика и побара објаснување, но Севе постојано тврдеше дека Востиниќ е „само добар пријател“. Игор е убеден дека го лаже, но тој е подготвен да помине низ сè само за да го спаси нивниот брак.

 

Тој и рече: „Не ми е гајле што се случи, ти простувам сè, само врати се кај мене“.

Игор навистина е многу погоден од оваа вест.

Игор целосно се сврте кон верата

Според информациите на „Српски телеграф“, Игор Којиќ по разводот својот спас го нашол во верата.  Тој наводно го надминал кризниот период со посета на манастири во Косово и Метохија, а за тоа сведочат и фотографиите што ги објави на неговиот профил.

Игор се молел на Бог, да помине лошиот период и Северина да се врати кај него.

– Игор само зборува за тоа како сака да замине во Косово и да остане таму во Грачаница. Рече дека ужива во таа енергија, како и во неговата смиреност што ја пронајде таму молејќи го Бог.

Инаку пред неколку дена Северина прв пат се појави во јавноста, по сите шпекулации и тоа на премиера на филмот “Kumek”, а многумина биле воодушевени од нејзиниот изглед и прокоментирале дека изгледа подобро од било кога.

 

 

– Синоќа бев на премиерата на филмот „Кумек“. Честитки за Дарио Јурижан, еден од моите омилени и сигурно најхрабри режисери, за одличната крими приказна со трагедија, но и комедија. Во еден момент се појави главниот лик.  За жал, тоа е како Ал Капоне да се појави на премиерата на „Кум“. Рече дека тој би направил три пати подобар филм, секако доколку би го знаел тоа, и избега, Благодарам беше многу забавно, напиша Северина на својот Инстаграм профил.

 

 

За српските медиуми пред извесно време се огласи и таткото на Игор, Драган Којиќ.

-Не знам каде се ниту каков им е односот. Возрасни луѓе се и знаат што прават. Од друга страна, се што прават прават за себе, рекол Кеба, кој бил видно нерасположен, пишуваат српските медиуми.

foto kurir.rs

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close