MAMA

Не се ни пушачи ниту возрасни лица, oваа група луѓе ќе бидат под најголем ризик во наредниот бран на корона

Во Македонија, вториот бран, врв или влијанието на ковид е зема замав

Во Македонија, вториот бран, на ковид зема замав, бројот на ново заразени речиси од ден на ден расте, постојано се појавуваат нови жаришта.

Лекарите предупредуваат дека сезоните на вирусот корона и грип може да се соединат на крајот на годината, но пред тоа, особено ризичен период ги чека сите оние кои се алергични на амброзија. Сезоната на поленот обично започнува кон крајот на јули и почетокот на август, трае околу два месеци, иако многумина доживуваат проблеми пред и по овој врв период.

Алергиска реакција се јавува првенствено во горниот респираторен тракт. Скратен здив и зголемено лачење се основните форми на алергија, кои можат да се претворат во напади на астма во некои ситуации. Чувствителност на очите – трнење и отекување на очните капаци е исто така еден од симптомите на алергија. Со оглед на тоа што поленот влијае на дишните патишта, а вирусот на корона исто така ги напаѓа респираторните органи, сите оние кои се алергични на амброзија, припаѓаат на ризичната група.

Пулмологот д-р Татјана Радосавjeвиќ од друга страна, вели дека овој ризик не се однесува само на луѓето кои се алергични на ова растение.

– Ова не се однесува само на луѓе кои се алергични на амброзија. Луѓето кои имаат изразено алергиски нарушувања во смисла на овие респираторни алергии, припаѓаат на групата на поризични од здравите граѓани – објаснува д-р Радосавjeвиќ.

Таа додава дека иако сезоната на амброзија сè уште не започнала, оние кои се алергични на разни полен на треви и плевели, коприви, бреза, липа …

– Сите тие се луѓе се со зголемен ризик за ковид 19 – истакнува таа.

Д-р Радосавjeвиќ вели дека луѓето кои инаку страдаат од алергии, веќе се запознаени како да постапат.

Првите симптоми на коронавирус, како кашлање, кивање и отежнато дишење, се слични на симптомите што се јавуваат како резултат на присуство на алергени во воздухот. Од таа причина, луѓето кои претходно немале алергии, дефинитивно треба да се консултираат со лекар, имајќи предвид дека сме во средина на пандемија.

– Ако се случи луѓето кои не биле алергични, и добиваат симптоми кои изгледаат како алергии во оваа епидемиолошка состојба, тие најпрво треба да се јават во клиниката „ковид“ за да ја исклучат инфекцијата „ковид 19“ – вели д-р Радосавjeвиќ.

Она што треба да се потенцира се најважните разлики помеѓу симптомите на корона и алергија, а тоа е дека кај алергиите нема висока температура, како и болка во градите што се јавува кога вирусот на корона почнува да ги напаѓа белите дробови.

Меѓутоа, ако се појават симптоми, не заборавајте да контактирате со клиниката ковид.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close