MAMA

Подгответе се за големи животни пресврти! Пред нас е многу интересен период

Пред нас е многу интересен период

Овој астро период ќе збуни многумина.Пред нас е многу интересен период.

Од 9 септември, во Овен ќе започне ретроградно движење кое ќе трае до 14 ноември. Последен пат Марс бил ретрограден во знакот на Овен во 1988 година, а во текот на летото 2018 година, бил ретрограден во знакот на Водолија. Обидете се да се сетите што се случуваше во вашиот живот тогаш. Некои теми што беа актуелни во тоа време, можат да бидат повторно активни во иднина.

Марс во Овен симболизира воин кој се бори за себе, за независност и слобода. Тој е многу решителен, непоколеблив и полн со иницијатива. Со него, започнуваме нови работи, работиме напорно и донесуваме важни одлуки. Тој е нашата креативна енергија.

Сепак, за време на неговата ретроградна фаза, работите се забавуваат. Се создава притисок, како кога водата врие во покриен сад. Во следниот период ќе се чувствуваме како нешто постојано да не кочи.

Ова е период во кој треба да научиме да живееме помирно и да научиме да не се вознемируваме за ситуации на кои не можеме да влијаеме на кој било начин.

Преиспитајте ги своите намери, преиспитајте каде сакате да ја насочите својата енергија во иднина. Во следниот период, водете сметка за вашето здравје, бидејќи ќе биде на удар. Врските меѓу партнерите исто така ќе бидат засегнати, затоа внимателно изберете ги своите зборови. Ретрограден Марс ни враќа некои луѓе и ситуации со кои имаме нерешени односи.

Особено бурни датуми ќе бидат 9,9., 28,9. – 1.10., 7.10. – 12.10. и 14.11.Теми што ќе бидат релевантни за секој знак и аспекти што ќе бидат нападнати:

Овен – здравје, изглед

Бик – нерешени прашања од минатото, одмор, стравови и недоверба

Близнаци – пријателство, кариера

Рак – кариера, односи со авторитети, љубов

Лав – патувања, образование, правни проблеми

Девица – туѓ имот или пари, долгови

Вага – партнерства, брак

Шкорпија – здравје, услови за работа, односи со колегите

Стрелец – љубовен живот, однос со деца, пријателство

Јарец – семејство, домување, здравје

Водолија – комуникација, браќа и сестри, учење, врски во околината

Риба – пари, заработка, работа

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close