Кафе муабет

Нема никој посреќен од Вељко и Богдана- Цеца воодушевена од внукот (фото)

Вељко не крие дека сака големо семејство и едвај чека неговиот миленик да добие брат или сестра...

Внукот на Цеца, Жељко Ражнатовиќ  во јуни наполни една годна, а јавноста веќе со нетрпение го очекува денот кога Богдана и Вељко Ражнатовиќ ќе објават дека доаѓа уште едно бебе.

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Вељко не крие дека сака големо семејство и едвај чека неговиот миленик да добие брат или сестра.

– Отсекогаш сакав моето прво дете да биде машко, а потоа да имам девојче. Сигурно нема да застанеме на едно дете, Жељко ќе има браќа и сестри – изјави Вељко неодамна за српските медиуми.

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Додека јавноста со нетрпение ја чека најдобрата вест од домот на Ражнатовиќ, пристигнува најслатката фотографија.

Имено сега баба Цеца покажа дека Жељко г направл првите самостојни чекори а веќе и цврсто стои на нозе. Внукот шеташе, а гордата баба тоа го објави на својот профил на „Инстаграм“.

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

„Љубов“, воодушевено напиша Цеца и покажа колку порасна Жељко.

Инаку кога станува збор за прошрување на семејството и мајката на Богдана, Данијела Родиќ која пред една недела го доби внукот Зоран од ќерката Бојана, рече дека сака големо семејство и дека очекува нејзините ќерки да родат барем по три деца.

Фото Инстаграм/Богдана Родиќ
Фото Инстаграм/Богдана Родиќ
Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

– Би сакала секоја моја ќерка да има по три деца! Богдана има прекрасен син Жељко, минатата недела Бојана го роди Зоран и сигурна сум дека нема да остане само на едно дете. Истото го очекувам и од мојата ќерка Наташа, која се уште не е мажена. Значи, сакам да имам девет внуци – вели Даниела тврдејќи дека бракот на нејзините ќерки со Ражнатовиќ и Шијан е обична случајност:

– Никогаш не сум сонувала дека ќе станам фамилија со Цеца и Гоца. Сето тоа е судбина, никој не го испланирал така – вели Даниела и додава дека е блиска со двете сваќи:

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ
Фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Одлично се сложуваме, не можам да издвојам која повеќе ја почитувам, и двете се одлични. Јас и Цеца бевме на Кипар и поминавме феноменално. Таа е прекрасна и гостопримлива, јас сум во контакт и со Гоца, имам само пофални зборови за неа. Среќна сум што мојата Богдана добро се сложува со Цеца, како и Бојана со Гоца. Сите се почитуваме и тоа е најважно-тврди Даниела, која вели дека не и е важно дали нејзиниот трет зет ќе биде од славно семејство:

Фото Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

 

– Не размислувам за тоа. Тоа се случи сосема случајно со Богдана и Бојана, судбината така сакаше. Не ми е важно дали Наташа ќе избере некој што ќе биде познат, туку само да биде човек што ја сака и ја почитува. Тогаш моето срце ќе биде полно – истакнува Родиќ, која минатата недела имаше феноменална прослава во Сурчин по повод раѓањето на нејзиниот внук:

Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Блиц

Мајката на познатите сестри истакна дека е пресреќна што нејзините наследнички пред се најдоа добри мажи, и смета дека во подобри семејства не можеле да се омажат. Таа е среќна и што свекрвите убаво се грижат за нејзините ќерки.

Фото Инстаграм/Мирко Шијан
Фото Инстаграм/Мирко Шијан

-Имам сјајни сваќи. Не можам да кажам која е подобра, не правам разлика меѓу нив. И Цеца и Гоца ми се супер! А она што на мене ми е најважно е тоа што за моите ќерки се грижат како што треба, исто како и нивните синови, изјави Даниела.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close