Кафе муабет

Што треба да знаете за вашето бебе родено во знакот Девица?

Грижливост, добрина, креативност...

Тивко, мирно и срамежливо, детето родено во знакот Девица е многу чувствително, а понекогаш и пребирливо кога е во прашње храната. Како расте, вашето малечко ќе почне да ви покажува знаци на интелигенција и способност за распознавање важни детали. Ќе го забавуваат работите околу него, обично тие кои другите и не ги ни забележуваат.

Најверојатно уште од мали нозе ќе забележате дека вашето малечко сака да ги раскрева играчките, дека често ги мие рацете и туширањето не му е проблем. Сето тоа е нормално за деца родени во знакот Девица. Тие сакаат да им помагаат на другите и да ја држат ситуацијата под контрола.

Овие личности се одговорни, но во играта со браќата, сестрите или пријателите, понекогаш може да бидат погрешно сфатени, па ги сметаат за критичари. Од таа причина, важно е да разговарате со своето дете, да го научите на нежност и на важноста на делењето.

Во нивна природа е да сакаат да ги контролираат другите, но ако рано ги научите дека е важно да се слушаат туѓите мислења, може да избегнете многу конфликти и повредени чувства. Погрижете се вашето дете да ви биде и добар пријател, а потоа одлучен мал шеф.

Честопати бебињата родени во знакот Девица порано почнуваат да зборуваат, читаат или пишуваат. Затоа, насочете ја одлучноста и организираноста на вашите деца кон добра цел.

Не треба да се изненадите ако вашата мала Девица подобро управува со финансиите отколку вие самите. Тие од мали нозе сериозно уживаат во одговорноста.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close