Кафе муабет
Нема да верувате како изгледа Марија Шерифовиќ во фустан- пејачката се дотера и доби низа комплименти
Велат дека одлично и прилега...
Марија Шерифовиќ одамна е позната по пеењето, но и препознатлива по својот необичен начин на живот и моден стил.
Сепак, во овој период од годината пејачката успева да не изненади со нетипичен стајлинг.
Пред три лета, во 2019 година, ни покажа како изгледа во цветен фустан, а за тоа нејзино необично издание на Инстаграм доби многу позитивни коментари.
Марија неодамна на својот Инстаграм објави фотографија од базен, која предизвика лавина коментари.
Марија доби голем број комплименти, но и поплака дека не требало да се крие зад пешкирот.
Меѓу нејзините следбеници се разви жестока дискусија и тука настана проблемот а Марија не се вклучи во расправијата.
Моментално е слободна…
Марија Шерифовиќ неодамна настапи на 61-от Фестивал на младинската култура на Србија во Књажевац, а пред да се појави пред публиката која беше собрана во голем број кај Гургусовачката кула, пејачката за медиумите даде и неколку кратки одговори за нејзиниот приватен и емотивен живот за кој не знаеме многу детали.
Таа откри дека не е тип на човек кој сака да пие кафе со нејзините колеги, дека се држи на дистанца но со сите е во коректни односи.
– Имам голема почит кон сите мои колеги, но не сакам да се дружам….
Марија откри дека не е блиска ниту со оние колеги што живеат во нејзиното маало, Вест 65?
– Не се среќаваме. Апсолутно можам да живеам секаде, бидејќи одам од гаража до кола и тоа е тоа.
Доколку има можност да живее надвор од Белград, вели дека тоа би била само Америка, Калифорнија.
-Затоа што таму можам да живеам обичен едноставен живот каде што не сум изложена на јавност. Ми недостига да не бидам изложена на погледи.
Емотивниот живот го крие далеку од очите на јавноста, и покрај сите шпекулации сепак Марија вели дека до сега не ја пронашла вистинската личност со која би била до крајот на животот.
– Затоа што никој не беше интересен, а камоли достоен, да биде претставен во медиумите. Сите мои избори досега не беа јавни личности, рече Марија.
– Немам никого неколку години и тоа е фантастично за мене.