Кафе муабет

На почетокот многу плачев – Агнеса искрено за семејството, но и за разводот!

Отворено за разводот, ќерките, поранешниот сопруг и домот каде живее...

Македонската јавност ја запозна пред повеќе од 2 години, кога доживеа јавен развод. Имено, нејзиниот поранешен сопруг, преку  фејсбук статус објави дека се разведуваат и се крена голема галама.

Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева

Скопјанката Агнеса Органџиева за кратко време  стана една од најпознатите македонки на социјалните мрежи.

Само на нејзиниот Инстграм профил има на 100 000 следбеници.

фото: приватна архва

Таа важи за една од јавните личности кои за својот живот зборуваат без влакна на јазикот.

Во својот семеен дом во Скопје  живее со своите ќерки и како што самата вели, целиот простор во домот зборува за минатото и сегашноста на Италија.

Имено, домот на Органџиева е нејзината оаза каде што си ги полни батериите по напорниот работен ден.

Фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Во своето последно интервју за Репортер, отворено говори за разводот со поранешниот сопруг, за своите две ќерки, за семејството, за домот…

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик. „На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, вели во интервјуто за Репортер.

фото Фејсбук/Агнеса Органџиева
Фото Фејсбук/Агнеса Органџиева

Агнеса по професија  е правник.

А, во овој момент е една од најпознатите инфлуенсерки во Македонија.

фото: приватна архва

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close