Бременост
НАЈУБАВИ ВЕСТИ ОД ДОМОТ НА ЛУНА ЏОГАНИ И МАРКО: По загубата на бебето конечно дојде и тој ден- честитки пристигнуваат од сите страни
Повторно ќе станат родители...
Во последниот период на големо се шпекулираше за врската меѓу Луна и Марко а сите гласини за разводот на познатата реалити двојка излегоа откако тој не се појавил на нејзиниот роденден.

– Навистина, се е како што треба, ништо не се случи. Да се повторувам како папагал, да го кажувам истото одново и одново… Досадна сум и себеси и на другите. Да има нешто, луѓето би знаеле. Се е супер, се е во најдобар ред. Глупави теории, глупави приказни, тоа е се што можам да кажам на оваа тема – објаснила Луна по гласините за развод.

Но пред некоку дена победничката на реалното шоу „Задруга“ и блогерка Луна Џогани сподели многу убави вести со своите фанови.

Луна по загубата на бебето која се случи минатата година, сега повторно е бремена.

Имено, нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија со нивната ќерка Миа и откри дека парот чека уште едно девојче.

Доаѓа сестра – напиша тој во објавата.

Да потсетиме, по раѓањето на ќерката Миа, Луна Џогани изгуби едно бебе, а тажната вест парот ја објави на нивниот канал на Јутјуб.

– За жал, го загубивме бебето, бидејќи плодот не успеа да се зацврсти во првите 12 недели. Не сакавме да зборуваме за тоа веднаш. Не сакаме премногу да разговараме за тоа. Вирус помина низ мене, тоа ни го кажа докторот. Плодот беше многу мал и чувствителен. Срцето на бебето престана да чука – изјави Луна Џогани по загубата на бебето.

– Научивме дека се во животот се случува со причина, така требаше да биде, не треба да паднеш во депресија, треба да погледнеш околу себе и да видиш што е добро што веќе го имаш и фала богу имам многу добро околу мене и тоа ме натера да си речам: „Добро, да продолжиме понатаму, ќе се случи, ќе се случи пак“. Тие тешки моменти се тука само за да те направат посилен за некои убави нешта – изјави таа во шоуто Премиер викенд специјал.

Луна по тешкиот период посетила психолог кој и помогнал да ја преброди загубата на бебето.

– Спонтаниот абортус е болна состојба за секоја жена, без разлика дали веќе има дете или не. Ова за жал често се случува, а Луна почувствува голема тага. За да се вратат емоциите во нормала, обично е потребно повеќе време отколку што е потребно за физичко заздравување на раната, затоа и семејството на Луна е со неа, но и таа не го одбила советувањето од психолог – изјави за српски Курир нејзин близок пријател.




