Новости

МОЌНА ПОРАКА ОД ВЕДРАНА РУДАН КОЈА ГО ТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Доста молчите, кажете јавно, оцрнето го името на таа свиња која ве злoстaвувала!

Писателката Ведрана Рудан со поддршка до младата актерка Милена...

Веќе неколку дена главна вест во медиумите е откривањето и емотивната исповед на познатата српска глумица Милена Радуловиќ, која отворено прозборе за хоpoрот кој го поминала кога имала 17 години.

Имено Милена заедно со уште неколку девојчиња, го обвини сопственикот на школата за глума, Мирослав Мико Алексиќ, за сек*уално злocтавување.

На тоа таа доби голема поддршка, многу пораки кои ја бодрат и велат дека се гордеат со неа поради тоа што собрала храброст една ваква животна приказна да открие пред јавноста, особено што се работи за јавна личност.

Реагираше и познатата хрватска писателка Ведрана Рудан, која објави напис под наслов „Не сме сите Милена Радуловиќ“.

Нејзиниот текст го пренесуваме од порталот Рудан.инфо:

фото принтскрин

– Во Србија беше откриено дека во Белград живее „реномиран“ професор по глума, Мирослав Мика Алексиќ, кој, додека го пишувам ова, е oбвинет за осум cилувања. „Угледникот“ е приведен, а пoлицијата бара да се пријават и други жртви кои сè уште молчат. Србија е на нозе. „Господинот“ ќе служи помеѓу пет и петнаесет години зaтвор доколку се докаже вината.

– Во Хрватска, такво лице, доколку беше откриено и докажано дека е виновно, би служело помеѓу нула и нула години. Жените кои би пријавиле ќе мора да го стават под хипотека својот родителски дом за да платат отштета за навреда и клевета. Во Хрватска, еминентни професори, доктори и други моќни луѓе не cилувaaт. Кога една од жените ќе обвини за такво нешто, брзо излегува дека жената е „к ****“ и дека молела професори, лекари и сите други на колена … Образованите луѓе тука знаат дека најголемиот хрватски писател на сите времиња Мирослав Крлежа прочитал дека „жените доживуваат најсилен oргазам за време на cилување“.

 

фото принтскрин

 

– Затоа cилувaните хрватски жени, за разлика од српските, молчат. Зарем молчат? И тие ли се јавија деновиве? Да, но како. Ме силуваа, ме силуваа, и ме силуваа, и јас, и јас, и јас, и јааааааааааааас … И тогаш имаше еден декан кој апелираше до силуваните кој сè уште не се пријавиле, повикајте ме, важата анонимност е загарантирана.

– За што станува збор? Што и прави силувањето на жената, секој од нас го знае тоа затоа што секој од нас е силуван. Едниот во школата за глума, другиот во грмушка, третиот на бирото на шефот, милиони други во домот. Не е некоја фора да признаеш дека си силувана. Кој е тој девојче, кој те силуваше? Кажи ми девојче како се вика свињата. Хрватките тука се многу воздржани. Тие биле силувани од Некој непознат.

 

фото принтскрин

– Дали жалното озборување по силувањето е вистинскиот начин да се бориме за достоинство? На тој начин нема да стигнеме далеку, драги мои. Девојки, излезете со имињата на криминалците. „Загарантирана анонимност“ е само повик до силувачите …

– Ако мислите дека не ве разбирам, ќе ви раскажам приказна од Риека. Хирург кој силувал медицинска сестра работи во нашиот КБЦ, таа мораше да ја напушти земјата. При посета на медицинската сестра во болничката соба, тој ја сексуално ја „вознемирувал“, таа го пријави, дури доби и внатрешен „спор“, денес работи во Германија ….

 

Неговото име го влечеа по весниците и порталите, тој не ја изгуби работата или угледот затоа што е „одличен хирург“. Според мене, одлучуваше фактот дека тој живее во Хрватска. Се разбира, ваквите приказни од хрватскиот живот обесхрабруваат, но мора да се започне еднаш. Вие, јас веќе не сум во игра. Единственото нешто што можам да го направам, го правам, им ја кажувам на моите внуци вистината за мажите секој ден.

– Имиња девојки, кажете ги имињата на криминалците. Мислите ли дека на српската актерка Милена Радуловиќ и беше лесно, пред да одлучи да го каже она што е познато подолго време?

Хрватки! Станете Милена Радуловиќ! – напиша Ведрана Рудан.

Да потсетиме, Високиот суд во Белград му одреди мерка притвор до 30 дена на сопственикот на училиштето за глума во Белград, Мирослав Мики Алексиќ (68), осомничен за силување и сексуално вознемирување.

Одлуката на судијата на претходна постапка му одреди мерка притвор за да не влијае врз сведоците и жртвите, да не се повтори делото, како и поради нарушување на јавноста, изјави за Танјуг портпаролката на судот, Татјана Тесиќ.

Милена Радуловиќ беше испрашана вчера, додека младата актерка Ива Илинчиќ, која јавно се појави по Милена и го обвини Алексиќ за сексуално вознемирување, беше сослушана денес.

Инаку, откако Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ ги споделија своите потpecни исповеди се јавија и многу други нивни колешки и други познати личности како со пораки за поддршка, така и со свои горки сеќавања во врска со долгогодишниот учител по глума, Мирослав Алексиќ, во чие школо поминале генерации млади и низ чии часови досега поминале околу 3000 ученици.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close