Кафе муабет

Моника Црнокрак – ЌЕРКАТА НА МИКИ И СВЕТЛАНА ЦРНОКРАК избрана за најфотогенична жена во Европа

Црнокрак избрана за најфотогенична жена на изборот за убавина во Бејрут

Светлана и Мики Црнокрак се еден од најскладните парови на македонската јавна сцена.

             Фото:Фејсбук/Мики Црнокрак

Светлана важи за македонската Моника Белучи, а со својата појава мами воздишки каде и да се појави.

Фото:Фејсбук/Светлана Црнокрак

Црнокрак иако веќе ја гази петтата деценија од животот, сепак може да се пофали со тело на кое завидуваат и помладите девојки.

Фото:Фејсбук/Светлана Црнокрак

Парот Црнокрак веќе 25 години успешно плови во брачните води, а од нив може да учат и помладите генерации.

Фото:Фејсбук/Мики Црнокрак

Двајцата со години успешно го водат семејниот бизнис, односно тие се сопственици на модното студио „Црнокрак“.

Фото:Фејсбук/Мики Црнокрак

Благодарение на нив многу девојки станаа успешни манекенки и досега имаат организирано голем број модни настани.

Фото:Фејсбук/Мики Црнокрак

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки, двете убавици Моника и Нина. Моника има 24 години, а нејзината сестра е 13 години помлада од неа.

Фото:Фејсбук/Мики Црнокрак

Моника студира Економски факултет, но тргна и по стапките на своите родители.

Фото/Принтскрин

И таа започна професионално да се занимава со манекенство и досега има освоено неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година.

Фото/Принтскрин

Неодамна, во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023 година. Моника Црнокрак ја освои титулата Мис Фотогеничност  во конкуренција од 35 европски држави.

Фото/Принтскрин

Победничка, односно Мис на Европа е претставничката на Италија, а Прва придружничка е кандидатката од Русија.

Фото/Принтскрин

,,Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот”, изјави Моника за Репортер.

Модното студио Црнокрак, ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close