Брак

Многумина се прашуваат дали и е татко- за неа тој е љубовта на нејзиниот живот…

Енди и Бет тврдат дека се лудо заљубени еден во друг

Кога имала само 16 години, младата Бет го запознала мажот на својот живот.

 

 

Енди Телфорд кој денес има 48 години  и Бет која сега има 21 година  се запознале во 2005 година. На почетокот тие се соочуваа со разни коментари, од оние кои не ја одобруваа нивната врска поради разликата во годините но денес тие се среќни и имаат два сина.

Енди кој е возач на автобус, ја оставил својата сопруга со која бил во брак 18 месеци, 36 годишната Саманта Маршал, за оваа тинејџерка.

 

 

Таа во изјава за The Sun,  рече дека за нивната врска дознала од нејзиниот син.

„Син ми ги виде Енди и Бет како се бакнуваат зад вратата од дневната соба и веднаш ми кажа.  Се соочив со нив и реков дека син ми кој го имам од претходната врска ги видел, но и двајцата го негираа тоа.

 

 

„Знаев дека мојот син нема да лаже за нешто толку сериозно. Таа ноќ, го натерав Енди да спие на софата.

„Бев толку вознемирена затоа што иако работите меѓу мене и Енди веќе некое време не беа добри, сепак јас ја примив Бет како наш гостин од сожалување, рече Саманта.

 

 

Неговата сегашна сопруга Бет, вели дека добивале многу навредливи пораки.

– Пораките што ги добиваме се навредливи и жал ми е што мојот сопруг страдаше толку многу поради тоа. Без оглед што мислат луѓето, ние сме хармоничен пар и се преселивме од градот да останеме сами и да започнеме нов живот од почеток. Енди е љубовта на мојот живот и разликата во годините не го менува тој факт – вели Бет, која е домаќинка и се грижи за нивните синови.

 

 

Бет признава дека на почетокот се плашела од реакцијата на другите, но на крајот сфатила дека и е важно само да биде среќна со Енди.

 

 

– Малку се плашев од тоа што другите ќе кажат, но не можев да ги контролирам чувствата кон Енди. Некои од моите пријатели велеа дека нашата врска е морничава и поради тоа јас изгубив многу пријатели, но сепак сум со човек кој се однесува кон мене како да сум принцеза – вели Бет.

 

 

Во ноември 2016 година, тие ја официјализираа својата врска со брак и денес имаат два сина четиригодишнниот Тими и Конви кој ќе полни 3 години.

 

 

 

– Најтешко ни беше во октомври 2015 година, кога на службеното комбе на Енди напишаа дека е педофил. Тогаш неговите соседи на улица почнаа да викаат дека тој е педофил и тие ми рекоа да барам таткова фигура во него. Го нарекуваа педофил пред нашите деца. Затоа се преселивме. Новата средина, сепак, е многу подобра и помалку нè осудува. Научивме да ги игнорираме сите коментари и иако разликата помеѓу нас е 27 години, совршено се вклопуваме еден со друг – изјави Бет во една прилика.

 

 

Таа вели дека секоја сабота имаат своја вечер, кога Енди пали свеќи и уживаат заедно.

„ Веќе се навикнавме на коментарите, и сега научивме да ги игнорираме, затоа и животот ни е совршен, вели таа.

Фото/ Извор: Тhesun

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close