Новости

Плачам кога одам во Крчедин, навечер на небото ја барам мојата ѕвезда водилка: Илда Шаулиќ се уште се опоравува по загубата на нејзиниот татко

Пејачката последните две години поминува низ тежок период

Не е тајна дека за Илда Шаулиќ послендите две години се буквално “пекол”.

 

 

За целото семејство Шаулиќ, животот се смени во февруари 2019 година, кога на 14 февруари, пејачот Шабан Шаулиќ претрпе трагична сообраќајна несреќа во Германија, но времето не ја избриша болката на неговите најблиски.

 

 

Иако навршуваат речиси две години од трагичната сmrt на нејзиниот татко, кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, неговата ќерка Илда Шаулиќ  за прв пат по толку долго време реши да открие за јавноста како се чувствува.

 

 

Русокосата пејачка признава дека не поминува ден без да погледне во небото и да ја побара  нејзината sвезда водилка, тато Шабан.

 

фото Курир.мк

 

– Не поминува ден без јас да го споменам во некој контекст и секако е така. Го живеам  моментот. Треба да работам на музиката, да снимам песни и тоа е најдобрата врска со татко ми – истакнува таа, за која покојниот пејач велеше дека му е миленичка.

 

 

Илда Шаулиќ, истакна дека по загубата на нејзиниот татко целото семесјтво собра сили да продолжи понатаму. Таа често ги посетува местата кои нејзиниот татко ги обожаваше, па така пред извесно време беше во Крчедин, местото кое Шабан го нарекуваше своја оаза на мирот.

Илда признава дека во слободно време го посетува ова место каде што имаат и семејна куќа.

 

 

– Јас секогаш пролевам солза. Сè уште неговата енергија е присутна и ја чувствувам кога ќе влезам во куќата во Крчедин затоа што тој поминуваше многу време таму.

Колку почесто одам таму толку повеќе сфаќам зошто тој го сакаше тој мир, вода и енергијата што ги дава реката.

 

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

Илда истакна дека нејзината ќерка Ема, но и нејзината братучетка  Уна наследиле талент од нејзиниот покоен дедо:

 

 

– Ема и Уна неодамна ја имаа својата прва средба со риболов. Мојот сопруг им покажа како да ловат риба  и ним им беше многу интересно и забавно. Бог да ги благослови кога ќе пораснат малку, и тие ќе одат во Крчедин да ловат риба.

Ова не е единствената загуба за пејачката

 

 

Откако и “зараснуваа раните”, по загубата на нејзиниот татко, пејачката се соочи со уште една загуба која и го сркши срцето. Имено во јули пејачката дозна дека е бремена со второ дете, но и дека е заболена со коронавирус.

 

 

Илда успеа да се избори со короната, но за жал нејзината состојба во однос на бременоста се влоши, па пејачката го загуби бебето на кое толку многу му се радуваше.

Таа тогаш напиша трогателна порака која расплака многумина.

 

 

-Драги мои, малку е да се каже дека сум трогната од неброените пораки на поддршка кои ги добив. Не знам дали ќе можам на сите поединечно да ви се заблагодарам, затоа овде на сите ви ја возвраќам својата љубов. Она што е за мене најважно е, се што било да се обидам да го оставам зад себе и во овој момент да се сконцентрирам на некои поубави денови, кои се надевам дека ни престојат. Моментално, најпотребен ми е мир. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ве сака Илда, напиша по загубата на бебето пејачката.

Пред извесно време пејачката истакна дека ниту самата не знае од каде добива сила за да ги помине сите овие тешки моменти кои и се случија за релативно краток период.

 

 

– Јас сум личност која, дури и од најлошото, бара причина зошто треба да живееме, а тоа е семејството, детето. Значи, нашата меѓусебна поддршка е нашата најголема движечка сила. Јас дури и не знам од каде ја добивам својата енергија понекогаш, дали е вродена или нешто што доаѓа одозгора незнам? – вели Илда додавајќи: Можеби не делувам така поради физеономиијата бидејќи делувам кревко и нежно, но јас сум силна, мислам дека и луѓето така ме доживуваат.

Искрено, последниве две години мислам дека беа најтешки во мојот живот. Мораме да продолжиме понатаму, мора да се живее и просто треба да живееме од некои убави спомени, заврши Илда.

 

 

 

Илда го изгуби своето бебе во третиот месец од бременоста.

“Без разлика дали короната е причина или не … Мојот гинеколог ми рече дека не можеме загубата да ја препишеме на вирусот Ковид-19, бидејќи немав тешки симптоми и се чувствував добро, сè беше во ред. Можеби нема никаква врска со вирусот, рече таа.

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close