MAMA

Млада мајка мета на критики – нема да поверувате што и направила на својата ќерка

И покрај сите негативни критики таа е среќна што и ја исполнила желбата на својата ќерка.

Инфлуенсерка од Јута е на удар на критики затоа што и дозволила на својата петгодишна ќерка да ја избланшира косата откако нивното пријатно патување во салонот го документирала и објавила на Тик Ток.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј Деми Луси Меј Енгеман со нејзината ќерка Мод

Деми Луси Меј Енгеман, која во својата биографија себеси се нарекува „извршен директор на кул мајка“, оваа недела сподели објава дека нејзиното мало девојче Мод ќе мора да биде отсатна од училиште на еден ден и ќе и се придружи на мајка-ќерка закажан третман во фризерскиот салон.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

-Мојата ќерка ме праша дали може да ја избланшира својата коса за на крајот да ја офарба розова- објасни 28 годишната мајка на почетокот на сега веќе виралното видео, кое сега веќе е прегледано повеќе од 9.7 милиони пати.

На снимката се гледа како Мод е среќна и се смешка, додека фризерката ги одвојува нејзините прамени со парчиња фолија и стручно ја осветлува нејзината темна руса коса.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Мод изгледаше како да ужива во салонот , каде што помагаше во мешањето на бојата и уживаше во некои грицки додека нејзината боја се спремаше.

-Беше многу возбудена кога виде колку е русокоса- објасни Енгеман.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Сопругот на инфлуенсерката Брет Енгеман им донел Старбакс во фризерскиот салин, каде при влез „одел право низ салонот“ преправајќи се дека не ја препознал својата поќерка со нејзината нова коса.

Колку прекрасен ден поминат со мојата ќерка-додаде инфлуесерката на крајот од видеото.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Таа покрај тоа сподели и многу видеа пред и потоа од Мод со нејзината светло руса коса, на кои доби различни коментари. Додека некои од коментарите беа позитивни, гледајќи на тој момент како интересен и прекрасен мајка-ќерка момент, добила и многу негативни, во однос на тоа како може да му дозволи на мало дете да ја бланшира својата коса.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

-Мојата мајка ми го направи истото и ми беа потребни 18 години да ми биде удобно и да го засакам повторно своето вистинско јас како бринета- беше еден од коментарите.

-Никако!-беше една од критиките, има други побезбедни начини за да ја направи косата розова, без да ја бланшира.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

И покрај многуте критики, имаше и голем број на позитивни реакции, кои беа во одбрана на мајката и ја пофалија зошто и дозволила на својата ќерка да експериментира со својот изглед.

-Ова е скапоцено. Таа ќе го памети овој момент засекогаш-напиша еден од фановите

-Животот е прекраток и ова е многу забавно, ќе го памети ова-додаде друг фан.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Инфлуесерката Енгеман одговори на видеото велејќи дека е исцрпена од „ мајките тролови“ кои ја обвинуваат заради тоа што ја осветлила косата на својата ќерка.

Таа објасни дека Мод еден ден кога се вратила од училиште и раскажувала за пријателка од училиштето која дошла со розова коса.

-Таа е сега многу заинтересирана за еднорози и барбики. Побара да биде и нејзината коса офарбана, поради што набавивме колор шампон. Мод беше многу возбудена но по неколку дена се разочара, зошто бојата се изгуби и веќе ја немаше бојата која ја имала нејзината пријателка- објасни во своето видео мајката.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Тогаш таа почнала да и објаснува дека нејзината пријателка сигурно има многу посветла коса од нејзината и поради тоа изгледа така. Во моментот кога детето и кажало дека сака да ја офарба плава косата, за потоа розевата да и изгледа како што таа сака, Енгеман веднаш се консултирала со својот сопруг, знаејќи дека одлуката е контроверзна. Тој се согласил на чекорот само ако го направат тоа на вистинскиот начин, кај професионалец

Поради коментарите кои се појавиле на ова видео , зошто девојчето не е сеуште офарбано розово, мајката објаснува дека почекала за да направат фамилијарни фотографии со оваа боја на коса и потоа ќе се фарба розово.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј фотографија од Мод пред посетата на фризерскиот салон

-За сите оние кои коментирате и избрзувате со заклучоци дека ова е моја одлука и дека сум сакала јас Мод да биде русокоса само заради семејните фотографии, можам да ви кажам дека тоа не е вистина-одговори инфлуесерката.

-Никогаш не би направила нешто за да моето дете се почуствува дека мора да смени нешто кај себе. Јас не сум таква личност и не сум таква мајка, никогаш не го наметнувам моето мислење на своето дете-додаде таа.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј фотографија од Мод по посетата на фризерскиот салон

-Го споделив ова видео зошто сметам дека е специјално и забавно, момент на поврзување помеѓу мене и мојата ќерка и разочарувачки е како интернетот гледа на ова- кажа Енгеман.

ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј Инфлуесерката Деми Луси Меј Енгеман
ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј
ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј
ФОТО: Принтскрин/Тик Ток-демилусимеј

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close