MAMA

Безвременската двојка Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс вљубени како и првиот ден – никогаш не биле посреќни!

За својот роденден имаа огромна чоколадна торта украсена со бројот 25.

Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс го прославија својот заеднички роденден, дувајќи ги свеќичките на заедничката торта. Долгогодишната двојка делеше огромна чоколадна торта, изјавувајќи дека е „многу забавно“ да ја споделат пресвртницата заедно.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс

Вкусниот десерт беше украсен со бројот 25 кој го обележува датумот на нивниот заеднички роденден- 25 ти Септември, а не разликата во годините на парот, 25.

Мајкл, 78, е роден во 1944 година, додека Кетрин,53, е родена 1969 година.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс

Среќната двојка ги дувна свеќичките пред да направат објава на Инстаграм за да го одбележат денот.
На сликата Кетрин изгледаше прекрасно во асиметрична сина тоалета украсена со бел цветен дизајн. Во комбинација со златен накит и пунџа таа буквално блескаше.

Мајкл пак беше во кошула со лаванда боја, во комбинација со панталони и ја имаше залижано својата седа коса.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс

Двојката буквално блескаше додека славеше со огромниот десерт, пред да споделат сладок бакнеж.
Велшката актерка Кетрин на Инстаграм напиша: Тоа беше нашиот роденден! Ви благодариме на сите за вашите честитки. Нека започне новата година!

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс

Додека нејзиниот сопруг Мајкл додаде: Ви благодариме на сите за преубавите роденденски честитки, ве сакаме сите. На што доби одговор од сопругата: „Многу е забавно кога го споделувам мојот роденден со тебе“.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Мајкл Даглас

Парот го прослави големиот ден уживајќи во заедничко раскошно возење со хеликоптер.

Актерот од Волстрит објави фотографија од парот и напиша : „Среќен роденден Кетрин! Те сакам секогаш и засекогаш“. Кетрин потоа сподели неодамнешно селфи од нив двајца и едно постаро на кое напиша: „Наш роденден! По 24 години прославување на нашиот посебен ден заедно, се уште се радувам на него. Те сакам!!!“

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс

Славната актерка на Инстаграм неодамна објави фотографии и од церемонијата за дипломирањето на нејзиниот син на отсекот за политички науки на Браун Универзитетот.

Таа сподели фотографија на која нејзиниот син е во традиционална облека која се носи на денот на дипломирање и на истата додаде: „Честитки за дипломирањето на моето момче, мојата гордост, мојата радост Дилан. Премногу сум горда на тебе и те сакам премногу“.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс и нејзиниот син Дилан

Помладата ќерка на Кетрин и Мајкл, Керис (19). заврши средо училиште во 2021 година и тие очекуваат дека и таа ќе оди по чекорите на својот брат, на Браун Универзитетот.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Мајкл Даглас
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс, слика од нејзиниот сопруг на денот на роденденот кога се возат со хеликоптер
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Мајкл Даглас
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм Кетрин Зета Џонс
ФОТО: Принтскрин/Кертин Зета Џонс и Мајкл Даглас една година по нивното запознавање

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close