Дом и семејство
Мајка предизвика бурни реакции зошто бара од сопругот да поминува време со детето после работа!
Мајката и таткото треба заедно да се грижат и да го воспитуваат детето
Детето има мајка и татко, родители кои би требало подеднакво да се грижат за него.
Иако за многумина звучи непознато и сметаат дека таткото е оној кој работи, па мајката затоа треба да го чува детето сепак не е така и тоа не е правило по кое треба да се водиме.
Детето е тоа кое што додека таткото е на своето работно место, денот го поминува со мајката, но по неговото доаѓање дома, детето очекува да помине време со својот татко, кој иако е уморен би требало да посвети внимание на своето дете.
И не, тоа не треба да се смета дека тој го чува детето или прави услуга на мајката, тој едноставно поминува време со своето дете кое целиот ден го поминува барајќи го татко си.
Но, сепак, овој концепт очигледно за некои семејства сè уште е непознат.
Ова може да се види и по една анонимна објава на мајка која на Редит се пожали како добила критики дека го присилува сопругот да го чува детето.
Таа со својата објава предизвика бурни реакции.
Имено анонимната мајка напишала како член на семејство ја критикувал затоа што го „присилила“ нејзиниот сопруг да „чува деца“ откако се вратил од работа.
Како што објасни таа во својата објава, традицијата во нивното семејство е таткото, по завршувањето на работниот ден во канцеларијата, да минува околу еден час сам со бебето.
„Обично ги делиме обврските околу детето, дури кога двајцата сме дома, тој целиот ден се грижи за сè што е потребно за нашиот син“, објаснила мајката, прашувајќи ги другите корисници на оваа популарна страница дали можеби и очекува премногу од сопругот.
Таа беше поттикната да го стори тоа од неодамнешниот инцидент.
Имено, нејзиниот сопруг поминал 12 часа работејќи во канцеларија, а потоа побрзал дома да помине квалитетно време со неговиот син.
„Нашиот син нормално ќе спиеше во тоа време, но вчера беше нервозен“, објасни мајката.
Сепак, ова го поттикнало братучедката на сопругот кој ја обвинил дека наводно го искористувала својот сопруг и дека „треба да чувствува грижа на совест затоа што го принудува таткото да се грижи за нивниот син по напорната работа“.
Сепак, се чини дека сите едногласно заклучија дека таквиот став е сосема погрешен.
„Звучи како вашиот син да е среќен што има татко кој сака да помине квалитетно време со него и не го гледа тоа како работа или товар“, е еден од коментарите.
Друг корисник се согласи и напиша: „Смешно е како, кога татко се грижи за дете, тоа е„ чување деца “, но кога мама тоа го прави, тогаш тоа е нејзина работа и секако се очекува од неа.
„Ми звучи како да е љубоморна затоа што нејзиниот сопруг не прави такво нешто“, заклучил третиот.