Новости
МАКЕДОНИЈА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Пoчинa еден од најпознатите доктори
Важеше за човек со големо срце...
Македонија го загуби еден од најпознатите доктори кај нас. Од неговата матична болница, Неуромедика каде проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор ја соопштија тажната вест.
-Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф. Д-р Јовица Угриновски.
Проф. Д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”.
Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, стои во соопштението за јавноста.
Јовица Угриновски специјалист неврохирург, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје специјализирал неврохирургија во Скопје (1975). Од 1993 на Медицински факултет- Скопје работел како редовен професор по неврохирургија. Во 1983 станал Доктор по неврохирургија – Медицински факултет – Скопје.
Во областа на неврохирургијата се усовршил на L’Hopital Pitie – Paris, Оддел за неврохирургија, а има завршено три постдипломски курсеви на EANS во Монпеље, Манчестер, Братислава, магистрирал (1978) и докторирал (1986).
Според наодите кои се запишани на Дигитална Медицинска Енциклопедија, Јовица Угриновски придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот. При атентатот врз Претседателот на РМ Киро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати. Организатор е на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации. Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.
Јовица Угриновски три пати беше избран за претседател на Федерацијата на планинари.