Кафе муабет

Македонија ЗАВИЕНА ВО ЦРНО: Колегите и пријателите се простуваат од 43-годишниот пејач

Почина познатиот вокалист...

Почина Виктор Барбутов, вокалистот на „Амајлија бенд“.

Барбутов починал утринава на 43-годишна возраст, откако синоќа му се слошило. Естрадата денес се збогува со него, во неверување од лошата вест која ја дочека утрово.

„Не можеме да се соземеме. Над дваесет години бевме заедно, делевме и добро и лошо. Ги остави зад себе малата ќеркичка и сопругата, претешко е за сите. Долги години бевме заедно во бендот, имавме многу настапи во локали, на свадби. Никогаш не се жалел на здравствени проблеми, беше млад човек кој водеше редовен живот, не пушеше, не пиеше, се грижеше за здравјето. Токму поради тоа, шокот е уште поголем за сите нас“ – изјавил неговиот колега од бендот, Мики Ѓорѓиевски за Фокус.

Виктор во минатото беше дел од групата „Фантазија“ со која го сними хитот „Земја пресвета“. Неофицијално, тој починал од мозочен удар. Како што раскажаа негови колеги, најпрвин се пожалил на болки во вратот, а потоа и во главата.

Виктор зад себе ја остави сопругата и двегодишната ќеркичка.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close