Кафе муабет
Мажите родени во овој хороскопски знак се најголеми заводници- жените паѓаат на колена пред нив!
Со нив партнерката се чувствува како кралица, како центар на светот, бидејќи ќе направат се за да ја усреќат...
Родените во овој знак се страствени и привлечни што е невозможно да не ги забележите. Во кревет, се доста имагинативни, нежни и чувствителни, а уживаат во нежно водење љубов.
Мажите родени во овој знак се познати како најдобри љубовници. Во кревет тие се многу чувствителни, страсни, нежни и креативни.
Со нив партнерката се чувствува како кралица, како центар на светот, бидејќи ќе направат се за да ја усреќат.
На Бикот нејзиното задоволство му е поважно од неговото. Задоволниот партнер го исполнува со чувство на гордост.
Имаат силен љубовен инстинкт, тие се ненаситни во кревет. Толку многу уживаат во водење љубов што се најсреќни ако тоа трае со часови.
Како и во храната, Биковите полека и со посебно задоволство уживаат и во жените.
За Биковите отсекогаш се знаело дека се стабилни личности кои секогаш сакаат да бидат во допир со реалноста.
Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.
Машките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени.
Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот.
Тој е и многу посесивен па така што си е негово, негово си е!
Со мажот бик ќе се чувстувате сакани. Тие се тврдоглави, безрезервни и категорични, понекогаш се и избувливи и покрај нивната срамежлива надворешност.
Во љубовта тој е многу лојален на партнерот. И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност.
Тие се познати по својата бавност и промисленост поради кои никогаш не се откажуваат од својата цел, ниту од својата сакана. Иако тешко започнуваат и тргнуваат, кога еднаш ќе се одлучат, ништо нема да ги сопре. Секогаш можете да се потпрете на нив поради својата упорност, рационалност и стабилност.