Дом и семејство
Луна сподели среќни вести- честитки од сите страни за неа и Марко!
Сака уште едно дете...
Луна Џогани неодамна стана мајка, а сега открива како се носи со новата улога и брачните води.
И покрај непроспиените ноќи и бројните слатки маки кои ги носи мајчинството, Луна Џогани по неколку месеци од раѓањето на првата ќерка Мија веќе размислува да има уште едно бебе.
Младата Луна смета дека не била напорна трудница и дека поради тоа би сакала повторно да биде бремена.
Луна ужива во бракот со Марко Миљковиќ а би се рекло дека конечно го најде својот мир и среќа кои не ги крие, и често со своите следбеници на социјалните мрежи споделува делови од нејзиниот приватен животот.
– Мајчинството е најлесната и најтешката работа истовремено, нема ништо поубаво, нема подобра титула и подобар период од животот – изјави Џогани за Гранд онлајн и откри дека не е се така лесно и одлично како што некои жени го претставуваат мајчинството.
-Може да биде многу тешко, но е нормално. Уживам во сето тоа и мислам дека навистина добро поминав со оглед на тоа што немам бебиситерки или некоја посебна помош, освен семејството. Одлично поминав, задоволна сум и навистина го давам својот максимум – истакна Луна.
– Се консултирам со мајка ми бидејќи има големо искуство и може да ми го даде најдобриот совет. Она што посебно го добив како совет од мајка ми, а сега го применувам и на ќерка ми е да и давам многу љубов, нежност и трпение. Тоа е најдобриот совет, најважно е да порасне во семејство каде што е многу сакана – искрена е пејачката.
Марко во една прилика откри и како се снаоѓа во улога на татко…
– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:
– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучи Марко Миљковиќ за „Блиц“.