Дом и семејство

КРАТКО И ТРАЕШЕ СРЕЌАТА: Родителите не го прифаќаа а сега наиде на нова пречка- Тања Савиќ раскина со 11 години помладиот дечко

Повеќе не се заедно...

Пред неколку дена во медиумите излезе веста дека пејачката Тања Савиќ е во врска  со 11 години помладиот дечко, кој поради неа се преселил од Америка во Белград.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Во прашање е извесен Мухамед Б., покрај кого пејачката заборавила на својот поранешен сопруг Душан Јованчевиќ, со кој како што е запознаена јавноста имаше големи проблеми.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Но и покрај тоа што и самата истакна дека заслужува да биде среќна по целата агонија низ која минуваше, сепак Тања повторно наиде на пречка.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

– Точно е дека Тања има ново момче Мухамед и дека е 11 години помлад од неа. Тој е од Бјелина, а живее во Америка. Тие се запознаа во Америка кога таа беше на турнеја минатата година. После тоа биле во секојдневен контакт, тој навистина ја засакал – раскажал за Република извор близок на пејачката.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Тања и Мухамед врската ја официјализирале пред неколку месеци, но пејачката не сака јавноста да дознае за тоа, а исто така се плаши и од нејзиниот поранешен сопруг.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Мухамед е многу внимателно момче и брзо го освои срцето на Тања. Отпрвин се двоумела дали да стапи во врска со него, но потоа и таа се заљубила. Колку е сериозна нивната врска и колку тој се грижи за неа говори и тоа што тој во Белград дојде поради Тања. Живее во близина на центарот и сега го запостави бизнисот бидејќи многу време поминува во нашиот главен град. Тие двајца не се разделуваат, дури и ја придружува на настапи, но поради медиумите доаѓаат одвоено.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

-Токму кога помисли дека се е во ред и кога му го претставила Мухамед на семејството, наишла на нов, неочекуван проблем. Она што е многу интересно е дека нејзините родители се против врската бидејќи тој е муслиман. Тоа воопшто не и пречи на Тања и се обидела да ја убеди мајка си Живана да го прифати нејзиниот нов партнер, но таа не сака ни да слушне за него. Живана отишла дотаму што поради Мухамед се скарала со својата ќерка. Нејзините родители навистина ја штитат и таа од нив крие дека се уште се заедно – заклучил изворот.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Но денеска српски Курир објави дека нажалост дошло до крај на врската помеѓу Тања и новото момче а наводно до кавгата меѓу нив  дошло бидејќи медиумите го дознале неговиот идентитет, а тој воопшто не го сакал тоа.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Дечкото на Тања мисли дека таа раскажала за нивната врска на некој кој не и е баш близок, што му донело проблеми. Тој не сакаше неговото име да излезе во медиумите. Кога се дознало за нив, многу луѓе од неговата околина му рекле дека е подобро да се стави крај на таа приказна. На неговото семејство му пречи тоа што таа е разведена и постара од него, но и тоа што е во јавноста главно поради љубовните врски и караниците со поранешниот сопруг – вели изворот и додава …

фото инстаграм/Тања Савиќ

-Кога виде што коментираат луѓето на социјалните мрежи, навистина се разочара. Поради сето тоа сега се во многу затегнати односи. Тој е лут. Дали ќе успеат да ја надминат оваа криза, ќе видиме. Сето ова и беше тешко на Тања, таа е тажна веќе неколку дена. Иако очекуваше луѓето убаво да ја прифатат нејзината врска, таа наиде на осуда од сите страни, вклучувајќи го и нејзиното семејство. Моментално не се во контакт, а тој планира да се врати во Америка на почетокот на април – заклучува изворот за „Курир“.

фото инстаграм/Тања Савиќ

Инаку, пејачката неодамна пред медиумите призна дека постои момче кое и го освои срцето, а од него добива скапи подароци.

фото инстаграм/Тања Савиќ

– Овој ѓердан и овие обетки имаат голема симболика и ми се многу важни. Може да се каже дека моето срце е заробено. Тој ме освои мене и јас го освоив него. Не би сакала за мене и за мојот емотивен партнер да се зборува јавно – изјави Тања Савиќ неодамна.

фото Инстаграм/Тања Савиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close