MAMA
Контроверзната одлука на една млада мајка создаде гнев кај многумина – што мислите вие?
Мајката го користела методот на елиминација на комуникација од многу рана возраст кај детето и се колне дека вродил со плод
Алексис Абделазиз, 26 годишна мајка од Калифорнија, почнала да ја тренира својата малечка ќерка Аја, кога била на возраст од два месеци, која сега има пет месеци, за одење во тоалет и ја пофалила техниката која ја користела како корисна во родителството.
Откако подолго време гледала на социјалните мрежи како родителите користат различни техники за да ги научат децата за да кажуваат кога имаат потреба од тоалет, решила и таа да проба.
Децата најчесто се учат да кажуваат и покажуваат кога имаат потреба за одење во тоалет на возраст помеѓу 18 и 24 месеци, но кај некои тоа се случува и многу покасно, дури од три годишна возраст. Според клиниката Мејо, доколку родителите почнат да ги учат децата за одење во тоалет на многу рана возраст, може да се случи резултатот да се појави доста покасно.
И покрај препораките за откажување на детето од носење пелени, Алексис сепак се колне дека нејзината техника е успешна.
Таа користела нешто што се нарекува техника на комуникација со елиминација, која се заснова на идејата дека децата преку знаковен јазик ќе им кажат на родителите дека сакаат да одат во тоалет.
Мајката на едно дете, константно и успешно ја тренира својата малечка, која сега користи знаковен јазик со кој кажува кога има потреба од одење во тоалет.
Алексис, која е асистент за физикална терапија рече во својот есеј:
-Видов родители како се обидуваат да ги научат децата на користење тоалет уште од многу мали. Отсекогаш сакав да го пробам тоа, уште пред да бидам бремена.
-Кога забременив тотално заборавив на тоа, а потоа неколку месеци откако ја родив, случајно се сетив на тоа и почнав да истражувам и се беше усогласено со методот-едноставно имаше смисла.
Алексис решила да ја тестира техниката, ставајќи ја Аја на ВЦ школката. Иако мислела дека процесот ќе биде многу долг, за кратко открила дека е поедноставен отколку што мислела првично. Техниката се состои од пронаоѓање знак кај детето кое може да биде картичка, правење симбол или врева.
Во тој случај, родителите би знаеле кога треба да го однесат детето во тоалет и да го научат на користење тоалет.
Алексис рекла дека првиот пат кога го правела тоа била многу нервозна. Но, цела нервоза исчезнала кога видела дека Аја го користи тоалетот за прв пат. Од тој момент мајката константно продолжила да го тренира своето дете.
Алексис ја носи својата ќерка во тоалет четири пати на ден и тоа: кога ќе стане од спиење, после јадење, пред да излезе од дома и пред да оди на спиење. За да ги сфати знаците на Аја ја научи да и дава физички сигнал со мавтање на раката за да и каже кога сака да оди во тоалет.
Иако Алексис ја поздрави комуникацијата на елиминација како чудо, троловите ја критикуваа мајката за оваа техника, а некои дури ја нарекоа навредлива и додаваат дека таа се залага само нејзината ќерка брзо да порасне, а методот го нарекоа нехигиенски.
И покрај огромните напади, Алексис продолжи со тренингот на својата ќерка и нагласува дека клучот за успехот е во константноста.
-Доколку ја носам во тоалет неколку пати на ден, без да и го покажам знакот, сигурна сум дека за кратко ќе потфрли без оглед на тренингот ,во однос на распоредот и разбирањето.
Мајката редовно објавува блогови во однос на тренинг за деца и користење на тоалети на нејзините 24.000 следачи на Тик Ток, и сака луѓето да разберат дека таа методата не ја користи за да заштеди пари на пелени или пак за да е сигурна дека нејзиното дете научило да оди во тоалет пред другите, туку да докаже дека Аја е посреќна кога не мора да седи во извалкани пелени макар и на кратко.