Дом и семејство

Конечно го покажа партнерот: Важи за најубавата старлета во регионот, роди син, се омажи за бизнисмен а сега конечно откри кој го зароби нејзиното срце

Ана Кораќ е пресреќна...

Ана Кораќ денес важи за едн аод најпознатите инфлуенсерки и старлети во регионот а се прослави со учеството во реалити шоуто „Задруга“.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Иако отсекогаш привлекувала големо внимание во јавноста, таа се повлекува од јавноста по веста за нејзината бременост. Кога роди момче, Ана повторно стана активна на социјалните мрежи преку кои повремено објавува фотографии, обидувајќи се да ја зачува приватноста на своите најблиски.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана Кораќ на крајот на февруари роди момче кое внесе неопислива радост во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Иако малечкиот стана центар на нејзиниот свет, многу луѓе ги интересира како изгледа мистериозниот партнер на Ана Кораќ, која вешто се крие од очите на јавноста.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Партнерот на Ана Кораќ не сака да се експонира во јавноста, а за него малку се знае. Имено, тој живее во Обреновац и е угледен бизнисмен кој со своите манири и внимание засекогаш го освои срцето на Ана.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Старлетата во една прилика истакна дека не и пречи тоа што нејзиниот сакан бега од објективот и посочи дека таа ја почитува неговата желба да остане анонимен. Но сепак во една прилика Ана не одолеа и на социјалните мрежи сподели слика со саканиот маж.

фото инстаграм/Ана Кораќ

За волја на вистината, таа му го покрила лицето со налепница, но според она што можеме да го видиме, партнерот на Ана Кораќ е црномуресто момче со совршено извајано тело. Иако внимателно ги избира објавите што ќе ги објавува на социјалните мрежи, таа го снимила својот сакан маж за време на здравица.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Ана Кораќ по породувањето откри и како се чувствува во новата улога…

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Се чувствувам одлично, исто како што замислував, среќна, благословена и исполнета. Родителството ги буди највредните чувства кај жената. Моето срце, душа, цело битие се посветени на мојот син, кој е центарот на мојот свет. И бебето е премногу добро, слатко, мило и мало. Полека се запознаваме, се надополнуваме и слушаме, јас него и тој мене – рече Ана.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Само кога е потребно некој ми помага околу бебето. Не можам да кажам дека немам помош, но сама ги завршувам сите обврски околу син ми. Не сакам да се одвојувам од него, но во секое време му подарувам љубов и внимание. Секако, мајка ми е секогаш мојот најдобар советник и нејзината помош вреди злато – додаде Кораќ.

фото инстаграм/Ана Кораќ

– Имав среќа што научив се што е поврзано со капење на бебето од вистински професионалци, па немав страв. Научив сè брзо. Обврските околу син ми не се тешки, напротив уживам да го бањам, менувам пелени и облекувам. Секоја минута ми е забавна, убава, магична, исто како него, посочи Кораќ.

фото инстаграм/Ана Кораќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close