Дом и семејство

Откриени сите детали за гала прославата: Еве каде Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ќе го кажат судбоносното “ДА”

Годинава ќе направат прослава за најблиските...

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, наскоро ќе станат родители.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Многу се шпекулираше за нивната венчавка и за тоа каде ќе се одржи, а според медиумите младиот пар планира да организира интимна венчавка само за своите најблиски роднини и пријатели.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што објавија тамошните медиуми, церемонијата била планирана за јули годинава. Парот избрал да се венча во Севиља а потоа следната година ќе следува гала-венчавка и црковната венчавка.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Анастасија и Немања се пресреќни што ќе добијат ќерка. Тие веднаш им ја соопштија на своите семејства добрата вест. Цеца плачела, а Вељко бил пресреќен што ќе стане вујко. И семејството на Немања со нетрпение го очекува доаѓањето на бебето. Мајката на Гудељ, Оливера, едвај чека да го добие првото внуче, како и таткото Небојша. Сите се воодушевени – ја започнува приказната извор близок на парот.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

-Таша сакаше да се породи во Шпанија за нејзината ќерка да го добие нивното државјанство. Затоа ја покренала постапката за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па таа не може да дојде во Србија. Но, таа едвај чека да заврши се за да дојде во Белград, бидејќи семејството и недостасува многу – додава изворот.

фото информер.рс

– Годинава нема да прават голема свадба, туку интимна церемонија, поради обврските на Гудељ во клубот од Севиља. Во јули во Шпанија ќе дојдат само членовите на семејството и најблиските, а Анастасија и Немања ќе се венчаат во општината за бебето да не се роди во вонбрачна заедница. Но, следната година ќе имаат црковна венчавка и голема свадба на која ќе ги поканат семејството, пријателите и колегите. Ќе приредат забава за неколку стотици луѓе – изјавил изворот за „Информер“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close