Нега и здравје

Колку често треба да ги капете децата?- Ова мора да го знаат родителите-еве каде грешите!

Единствениот точен одговор е - доволно често за да се одржи кожата чиста, здрава и без непријатни мириси...

Многу родители се во дилема за тоа колку често треба да ги бањаат децата, особено кога станува збор за новороденче.

Одговорот на ова прашање го има д-р Сем Хеј кој реши да зборува за добрите и лошите страни на капење на нашите деца и колку често треба да се капат.

Според него, редовното капење на кожата ни овозможува да ја одржуваме чиста, да ги отстрануваме мртвите клетки и да помогнеме во чистење на порите, што и овозможува на кожата правилно да работи.
Но, дури и кога станува збор за капење – можно е да се претера.

Кожата е нежен орган кој се потпира на масните жлезди за да го задржи површинскиот слој влажен, дозволувајќи тој да дејствува како ефективна бариера. Премногу често капење ќе ја оштети кожата, ќе ги отстрани навлажнувачките масла и ќе ја направи кожата сува, што на крајот доведува до пукање.

Не постои само еден точен одговор на прашањето колку често треба да ги капете своите деца, но за да се намали влијанието на капењето на кожата, родителите треба да размислат за следново:

Колку е пожешка водата, толку е поголема веројатноста да се отстранат скапоцените навлажнувачки масла. Се препорачува водата да биде млака, не премногу топла.

Сапуните се произведени така да ги отстранат маснотии, и исто така ја сушат кожата. Избегнувајте многу сапуница при капење на детето.

Прекумерната употреба на ракавици или сунѓери за капење, директно ја оштетува нежната детска кожа.

Премногу често капење може да ја оштети кожата, но ако не ја миете доволно често – вашите деца ќе мирисаат непријатно! Факт е дека додека децата стареат, тие се повеќе мирисаат. Тие се поактивни, се потат, играат и се валкаат. Хормоните, исто така, играат голема улога во адолесценцијата.

Иако многу бебиња се капат секој ден, нема потреба од тоа. На секои два до три дена е повеќе од доволно, советува д-р Сем Хеј.

Иако на оваа возраст, секојдневните капења се претежно безбедни, сепак, од медицинска гледна точка, доволно е децата да се капат на секои два до три дена.

Покрај тоа, времето во годината исто така игра улога во тоа колку често треба да размислуваме за капење.

Во зима, воздухот е обично ладен и сув, и ја суши кожата. Ова значи дека треба да го скратиме времето за капење. Истото важи и за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат во простории со климатизација.


Значи, за да одговориме на прашањето „колку често треба да ги капеме децата“, треба да ги земеме предвид главните фактори кога станува збор за капење. Главната цел на капењето е да се одржи кожата чиста и здрава. Но, најголем ризик е сушење и оштетување на кожата, што може да доведе до многу други проблеми. Затоа, единствениот точен одговор е – доволно често за да се одржи кожата чиста, здрава и без непријатни мириси, пишува Kidspot.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close