Кафе муабет
Кајмакоски сподели фотографија со новата девојка а она што го напиша ќе ве разнежни- тој е прав џентлмен
Емотивна порака за неа...
Пејачот Даниел Кајмакоски по долго време реши да открие пред јавноста дека повторно е заљубен. Тој неодамна објави фотографии на својот Инстаграм профил и откри дека има нова девојка.
Во прашање е шармантна црнокоса која Кајмакоски досега ја криеше од своите обожаватели.
Но популарниот пејач кој се прослави со победите во „Икс фактор“ и „Твоето лице звучи познато“ деновиве објави неколку фотографии со кои откри дека е емотивно исполнет, но изгледа се уште смета дека е рано за пред јавноста да го открие нејзиниот идентитет.
Даниел и овој пат сподели фотографија со својата поубава половина и посвети емотивна порака со која разнежни многумина.
Ти си се што некогаш сум барал.. Ти благодарам што ме туркаш кон моите соништа секој ден, напиша популарниот пејач во описот на фотографијата.
Коментарите беа неизбежни а со свој коментар се огласи и неговата мајка која остави емотикони со срциња и напиша Љубени мои.
Пејачот по бурниот развод со Кристина изгледа успеа да ја преболи, па реши да се фотографира на Инстаграм со убавата црнокоса девојка.
Даниел не сака многу да зборува за својот приватен живот па поради тоа и малку се знае за љубовниот живот по разводот во 2019 година.
Тие на почетокот имаа своја љубовна приказна која беше полна со емоции, но за жал траеше кратко заради одредени разлики како во годините, така и во нивните карактери.
По раѓањето на малиот Давид, односно по разделбата токму заради него ќе решат да останат во пријателски односи.
Даниел и Кристина беа три години во брак, а плод на оваа љубов што не траеше долго е нивниот син Давид.
Давид сега има пет години и остана да живее со мајката, а Кајмакоски по разводот ја напушти Македонија.
Тој денес живее во Белград каде свири со својот бенд со кој настапува во регионот и во животот одлично му оди а Кристина се врати во манекенските води.