Кафе муабет
Катарина Грујиќ го прослави големот празник со ќерката и сподели фотографија со која ги разнежни фановите
Славеше Свети Јован...
Популарната пејачка Катарина Грујиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Марко Гобељиќ пред повеќе од еден месец ја добија својата наследнчка, ќеркичката Катја.
Мама Ката е многу возбудена поради новата улога може да се каже дека одлично се снаоѓа. Имено таа е позната како некој кој постојано објавува фотографии на социјалнте мрежи па така и сега не можеше да одолее а да не покаже како во нивниот дом ја пролавија куќната слава Свети Јован.
Фотографиите на Катарина Грујиќ и нејзината ќерка Катја ги воодушевија сите нејзини следбеници на Инстаграм.
Пејачката по повод големиот празник се фотографираше со својата сакана. Таа го држеше девојчето во раце додека нежно гледаше во неа. Сите забележаа дека мајката и бебето се облечени во иста боја.
Катарина Грујиќ се породи пред еден месец и оттогаш не се разделува од неа. На Катја и помагаат сопругот, фудбалерот на Црвена звезда Марко Гобељиќ, но и нејзината мајка и сестра а тука е и свекрвата.
Гордиот татко, по породувањето ја изненади сопругата со скапоцен подарок, а таа веднаш се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено, се работи за нараквица на луксузен бренд која чини околу 7.000 евра.
Најдобар сопруг“, напиша Катарина во описот на фотографијата.
– За Катарина и мене ова е секако најважниот ден. Бебето и таа се добро, тоа ми е најважно. Јас сум најгордиот татко на светот. Утрото имаше болки, ја однесов во болница и ѝ рекоа да остане. Веднаш знаев дека тој ден ќе се породи. Отидовме во кафуле со сестрата на Катарина, а потоа отидов на тренинг, тренерот ме ослободи да не ја играм утакмицата.
-На почетокот ја криевме бременоста, сакавме да ја задржиме приватноста, само семејството знаеше за радосната вест. Ката сакаше да работи и јас ја поддржав во тоа. Свршувачката беше пред бременоста – истакна тогаш Гобељиќ за „Блиц“.
-Никој не е роден спремен така што ќе видиме, се тоа се учи секако. Не се плашам од ништо едвај чекам да одам дома со неа, дошла и свекрвата да помогне, дојде и мајка ми да ми помогне така што сега сите не чекаат дома.
Вели дека има желба на својот избраник, фудбалерот Марко Гобељ да му роди четири деца..