Кафе муабет
Карлеуша вели дека не е монахиња, но е мајка за пример: „Моите ќерки се гордеат со мене“
Еве зошто Карлеуша за себе вели дека е супер мама
Ќерките на Јелена Карлеуша се на добар пат за неколку години да ја стигнат нивната мајка на социјалните мрежи.
Поголемата од нив, Атина, веќе има снимено неколку модни реклами, а само на Инстаграм има преку 100.000 фанови.
Многумина коментираат дека несомнен потсетува на својата позната мама и веќе е идол на многу девојчиња на нејзини години.
Пејачката деновиве објави фотографија на која можеме да видиме како изгледаат сите три додека се шетаа низ Белград стокмени од глава до пети, а неодамна и Душко Тошиќ коментираше една модна фотографија на својата ќерка под која на социјалните мрежи напиша кратко и јасно: „Убавица на тато“.
Инаку Атина и Ника имаат 12 и 11 години, а сопругот на Карлеуша Душко Тошиќ има 35 и е седум години помлад од пејачката.
Нивните ќерки од мали привлекуваат внимание, а сега имаат и свој Инстаграм, па нема воопшто да се изненадиме ако за кратко време ја стигнат и својата мајка иако таа е една oд најпопуларните жени на Балканот.
Иако има само 12 години, Атина на Инстаграм и ТикТок веќе има речиси 130000 фанови, а многу брендови сакаат да ги рекламира.
Нејзината сестра Ника, која е само една година помала од неа, на Инстаграм веќе има 15.6 илјади следбеници, но на оваа социјална мрежа има само три фотографии и не е активна како нејзината постара сестра.
Горди на својата мајка
Јелена во една од последните емисии во „Ѕвездите на Гранд“ се осврна на нејзиниот стил, но од аспект на тоа што е мајка.
Критикувана дека една мајка не треба се облекува толку провкативно, пејачката тогаш го изјави следново:
„Една жена ако е мајка не треба да се завие, да замине во манастир, да изгледа како домашна помошничка и да заврши со својата работа“.
„Јас во мојот дом сум мајка, не сум во сценски костуми. Моите деца се прекрасно воспитани, со сите петки, деца за пример, фини, скромни и за мене сите велат дека сум прекрасна мајка. Тоа што јас имам соја работ нема врска со тоа каква сум мајка, ниту тоа ме одредува“ изјави таа и додаде:
„Можам само да ви кажам дека моите ќерки се горди на својата мајка“.
„Тие од својата мајка можат да научат како да бидат самостојни, успешни, како да се борат во животот“.
„Како да бидеш жена во машки свет, полн со предрасуди, балкански, селски менталитет, каде жената се гази и не се почитува заради својата ce*cyaлнocт. Јас своите ќерки ги учам да не се срамат од својата ce*cyaлнocт, ниту од својата женственост, ни од свето тело и да имаат свое јас, како и дека никој не смее да ги сопнува затоа што се убави и згодни“ заклучи Карлеуша во своето обраќање во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.