Бебе

Како да го заштитите детето од сончаница, како да препознаете и што да превземете?

Еден од најалармантните проблеми што ги носи сонцето е, се разбира, изгореници или топлотен удар, за што родителите треба да бидат информирани што е можно подобро и да реагираат на време...

Летните температури се на прагот па поради тоа треба многу да внимаваме да не се изложуваме директно на сонце.

Детската кожа е многу нежна и осетлива поради тоа при излегување надвор во лето треба многу да внимаваме да не дојде до изгореници или сончаница.

Изгореници може да се појават брзо, особено ако детето е активно на сонце, но таканаречената доцна сончаница е почеста и се јавува неколку часа откако детето било изложено на сонце.

Еден од најалармантните проблеми што ги носи сонцето е, се разбира, изгореници или топлотен удар, за што родителите треба да бидат информирани што е можно подобро и да реагираат на време.

Изгорениците се честа појава во летниот период но се почеста е таканаречената доцна сончаница, што се јавува неколку часа откако ќе бидете изложени на високи температури – пред спиење или за време на првиот сон.

Раната реакција е лесно препознатлива: детето одеднаш се онесвестува, чувствува вртоглавица и гадење, често повраќа и станува дремливо.

Постарите деца исто така можат да бидат вознемирени, а главоболките се скоро секогаш присутни. Детето е облеано со пот, рацете и нозете на почетокот се топли, а ако се тргнете побрзо од сонцето, тие стануваат ладни и треперат.

ID:127434830

Температурата на телото може да биде нормална, но обично е покачена. Колку е помало детето, толку се поизразени симптомите и поголем е ризикот од компликации. Кога се претерува со сончање, може да се појави губење на свеста, што е почеста кај адолесцентите.

Малите деца се многу раздразливи – плачат, навидум без причина, а постарите деца обично имаат гадење (понекогаш и повраќање), менуваат расположение и имаат несоница. Температурата на телото обично е покачена.

Што да правите кога детето има изгореници од сонце?

Отстранете го детето од сонцето, ако е можно, одете во климатизирана просторија или барем во затемнета и добро проветрена просторија.

Туширајте го со млака вода: потоа оставете го да се исуши без да го избришете.
Дајте му да пие многу течности: Ладен безалкохолен пијалок (чај, сок или обична вода) е неопходен за дете кое има изгореници од сонце. Не давајте ја течноста одеднаш во големи количини.

Ако температурата на телото е сеуште висока, на детето треба да му се даде еден од лековите за намалување на температурата.

Во следните неколку часа детето треба да се одмори. Идеално е детето да преспие. Секако, телесната температура треба да се контролира за време на спиењето, па во случај на нови покаќувања, повторете ја терапијата со лекови против треска.

Како да спречите изгореници?

Избегнување на изложување на сонце помеѓу 10 и 17 часот е најважно. Детето треба да биде добро заштитено, односно намачкано со заштитна крема и капа на главата.

Облечете бела лесна маица и на детето често нудете му течности (дури и кога не бара), по можност вода која не е премногу ладна.

Полесна храна и неколку помали оброци во текот на денот. Обавезно ладете ги просториите во кои децата престојуваат.

За бебиња помали под шест месеци, лекарите советуваат дека е најдобро целосно да се избегне изложеност на директна сончева светлина. Затоа, кога сте надвор на сонце, користете капи, чадори, штитници за колички и ставете крема за сончање на нежните делови на телото (лице и надлактици).

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close